Фото: Џеј Ло во супер мало бикини

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез изгледа подобро од  било кога иако веќе со месеци е на турнеја која ја исцрпува.

Турнејата е пред самиот крај, најсреќен поради тоа е нејзиниот свршеник Алекс Родригез која поради тоа објави фотка од својата популарна вереница од плажа .

На фотката Џеј Ло е најверојатно во најмалиот костим за капење кој постои.

„Душо знам дека растураш во Русија и дека имаш само уште еден концерт. Само да ти кажам дека ми недостасуваше и дека едвај чекам да се вратиш дома“, напиша по  фотката Родригез.

„Фејсбук„ и „Инстаграм" најпопуларни социјални мрежи кај Македонците

Во државава има 1,1 милион корисници на социјалната мрежа Фејсбук, за сто илјади повеќе во однос на минатата година, а повеќе од половина милион или 540 илјади лица се приклучени на Инстаграм.

Според податоците на специјализираниот сајт statista.com, од регистрираните 1,58 милиони корисници на интернет во државава, две третини се активни на некоја од социјалните мрежи, најмногу на Фејсбук и на Инстраграм .

Во светот има 4,1 милијарда интернет корисници, а 3,2 милијарди од нив користат социјални мрежи.

Предничи Фејсбук со 2,37 милијарди корисници, по што следат Јутјуб со две милијарди, ФБ месинџер со 1,3 милијарди, Инстаграм со милијарда, Твитер со 330 милиони…

Фото: Ким Кардашијан претерала со фотошопот, шест прсти на ногата!??

Популарниот ангел на „Викторија Сикретс“, убавата манекенка Кајли Џенер ја лансирала својата прва линија на парфеми.

Во промоцијата на парфемот на Кајли бил вклучена и нејзината полусестра, најпознатата американска старлета Ким Кардашијан.

Кајли својот парфем го нуди во три варијанти.

„На Кајли омилен и е парфемот во шишенце со боја на кожата, мизлам дека мојот омилен е розовиот! Таа секогаш ги користи мојте парфеми, поради што сега оваа соработка е посебна бидејќи знам колку таа ужива во целиот овој процес .Пронаоѓањето на нејзиниот совршен мирис одеше тешко, по што моравме да одбереме три омилени, напиша Ким Кардашијан.

Ким на социјалните мрежи објави и фотка  на која се таа и Кајли во пастелни трикоа и пластични сандали. Но, на фотографијата која сигурно добро била „обработена“ во фотошоп  Ким има шест прсти на едната нога.

Но, сестрите не се многу загрижени за овој кикс, тие само ги бројат лајковите, не и прстите на нозете.

Награда на ЕК за промоција на пешачењето и возењето велосипеди

 Европската комисија распиша конкурс за Осмата награда на Планот за одржлива урбана мобилност (СУМП), наменета за локалните власти ширум Европа, која годинава е насочена кон развој и промовирање на пешачењето и возењето велосипеди.

Според Еврокомисијата, цел на наградата е да се поттикнат локалните власти да го усвојат Планот за одржлива урбана мобилност (СУМП) и да бидат наградени за извонредни постигнувања во тематските приоритетни области, кои се различни секоја година.

Мотото на овогодишната награда е „Пешачете со нас!" и е насочена кон интегрирање на безбедната активна мобилност во одржливото урбано мобилно планирање, поттикнување на развојот и промоцијата на пешачењето и возењето велосипеди како начин за градски превоз и подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите.

Право на учество на конкурсот имаат локалните власти од земјите членки на ЕУ и Европското економско пространство (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн), како и државите кандидати за членство во Унијата – Северна Македонија, Албанија, Србија, Турција и Црна Гора и земјите опфатени со Процесот на стабилизација и асоцијација – Босна и Херцеговина и Косово.

Рокот за пријавување на конкурсот истекува на 31 октомври, по што специјално жири на почетокот на декември ќе ги избере кандидатите за наградата. Победникот и двајцата други финалисти ќе бидат објавени на крајот на декември годинава или почетокот на јануари 2020 година, а наградите ќе бидат врачени во март или април следната година на церемонија во Брисел.

Наградата СУМП е воведена во 2012 година и досегашни нејзини добитници се градските власти на Манчестер (Велика Британија), Турда (Романија), Брисел (Белгија), Малме (Шведска), Бремен (Германија), Ривас Васијамадрид (Шпанија) и Абедрин (Велика Британија)./MИА

притисни ентер