Видео: Паника во центарот на Сиднеј, вооружен маж ранил жена и извикувал „Алах акбар“

Австралиската полиција објави дека маж вооружен со нож  ранил жена и се обидел да прободе уште неколку луѓе во центарот на Сиднеј, пред да биде уапсен.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат маж кој извикувајќи „Алах акбар“ скока по кровови на возила.

Очевидци на инцидентот изјавиле дека виделе повреден маж со нож во рацете.

Полицијата која наведе дека вооружениот маж делувал сам, истакна дека се уште не се познати причините за нападот.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

Путин и Зеленски за прв пат се сретнаа во Париз

Во Париз денес се одржува состанок на германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Емануел Макрон но и рускиот и украинскиот лидер Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Четворката се состана за да пробаат да најдат решение за прекин на петгодишните  конфликти на истокот од Украјна, а средбата е означена како клучна.

Инаку, ова е прв состанок на руски и украински претседател во пет години.

Намалена видливост на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Попова Шапка – Гајре – Тетово, до 150 метри на Плетвар, Кичево и Македонски Брод, од 50 до 100 метри во Крива Паланка и до 50 метри во Тетово – Групчин.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./МИА

притисни ентер