Инцидент во Белград , се судрија демонстрантите со обезбедувањето на Вучиќ (ВИДЕО)

За време на одржувањето на протестот ,,1од 5 милиони “  во Белград се случи инцидент кога тричлена делегација се обиде да помине низ заштитната ограда околу зградата на Претседателството на Србија , за да остави попис на барањата за праведни избори.

Според радио Слободна Европа , тоа не им било дозволено , па насобраните се обиделе насилно да ја тргнат оградата. Во тој момент дотрчало обезбедување во цивилна облека и дошло до турканица.

По краткиот судир , на претставниците на демонстрантите им било дозволено да помионат низ барикадата и да го остават документот со 42 точки на барањата за праведни избори.

Организаторите на протестот соопштија и дека веднаш по завршувањето на протестот , еден од органзиаторите , Срѓан марковиќ бил физички нападнат пред зградата на Претседателството.

Доколку не бидат исполнети сите 42 барања на демонстрантите во наредниот месец  , опозицијата и официјално ќе објави бојкот на изборите во 2020 година.

Објавен јавен повик за учество на 15-та „Бела ноќ"

Објавен е јавен повик за 15. културна манифестација „Бела ноќ", што ја организираат Град Скопје и Универзална сала. Заинтересираните уметници можат да се пријавуваат до шести септември годинава.

Заинтересираните уметници апликацијата ќе можат да ја симнат од веб-страницата на http://belanok.mk , а пополнета ќе можат да ја достават на адресата на Универзална сала, булевар „Партизански одреди" бр. 45, 1.000 Скопје, со назнака „За Бела ноќ" или по електронски пат, на info@univerzalna.com.mk.

– Визуелните, применетите уметности, музиката, филмот, јавната уметност, како и урбаните изведби и перформанси се областите што ќе бидат опфатени и кои скопјани ќе можат да ги видат на „Белата ноќ" во сабота, на петти октомври, се вели во соопштението од Универзална сала-Скопје.

По завршувањето на повикот, учесниците ќе бидат оценети врз основа на квалитетот на делото, иновацијата, карактерот во опсег на предложениот концепт. Конечната селекција ќе биде извршена од страна на организаторот. /МИА

Во Кина уапсен работник на британскиот конзулат во Хонгконг

Работник на британскиот конзулат во Хонгконг е уапсен во кинескиот град Шенжен, соопшти министерството за надворешни работи на Кина.

Во соопштението Министерството наведува дека Британецот ги прекршил законите, но не е прецизирано за што се работи, пренесува „Ројтерс“.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е длабоко загрижено заради наводите дека еден вработен во британскиот конзулат во Хонгконг исчезнал откако отишол на работна посета во Кина.

Од Министерството наведуваат дека побарале информации од Хонгконг и провинцијата Гуангонг во врска со вработениот кој како што пренесува AP, е приведен додека преминувал граница од кинескиот град Шенжен во Хонгконг.

Локалните медиуми јавуваат дека се работи за Симон Менкит, кој е задолжен за трговија и инвестиции. Тој присуствувал на некој настан во Шенжен на 8-ми август.

Се наведува дека не се вратил во Хонконг иако планирал со воз да се врати уште истиот ден.

Варвициотис: Го следиме секој чекор на Скопје

Појава на иредентизам и прекршување на владеењето на правото може да имаат директно влијание врз пристапниот процес во ЕУ за соседната земја.

Ова го вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкиот весник „Реал њуз" и додава дека актуелната грчка влада „го следи секој чекор на владата на Скопје", jави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис го повторува ставот дека наследиле лош договор кој владата на СИРИЗА го потпиша „откажувајќи се од преговарачките оружја и националните позиции на земјата, констатирани со Времената спогодба и во Букурешт".

-Нашата влада го следи секој чекор на владата на Скопје и во секој случај нема да дозволи да се изразат појави на иредентизам и прекршување на владеењето на правото, што ќе имаат директно влијание врз нејзиниот интегративен процес во Европската унија. Веќе внимателно ја следиме елиминацијата на сите архаични симболи од јавните места кај соседот. На крај, нашата главна цел е заштита на грчките производи и грчките трговски ознаки, прашања што владата на Ципрас ги остави на нивната судбина, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција./МИА

притисни ентер