Руската пијанистка Виолета Егорова на „Охридско лето"

 Дваесет и шестиот ден од годинешното 59-то издание на Фестивалот „Охридско лето" резервиран за целовечерен солистички концерт на руската пијанистка Виолета Егорова.

Родена во Краснобар, Виолета Егорова почнала да свири пијано на четиригодишна возраст, дебитирајќи со целовечерен рецитал кога имала 12 години. Образованието го почнува во Централното училиште за талентирани деца во Москва, а продолжува на Московскиот конзерваториум „П.И.Чајковски" под менторство на прочуениот Лев Наумов.

Додека сѐ уште била студент, нејзиниот талент го препознава Руско-американската корпорација „Уметност и електроника", овозможувајќи ѝ да сними ЦД со дела од Моцарт и Прокофјев за годишнините од нивното раѓање. Снима уште неколку носачи на звук за „Јуниверзал мјузик", како и за јапонската „Теичику рекордс", а нејзините настапи се пренесувани на радио и телевизија во Италија, Турција, Канада, Египет, Еквадор, Франција и Русија.

Виолета Егорова е лауреат на повеќе интернационални натпревари меѓу кои „Алесандро Казагранде" во Терни, Италија, „Џина Бахауер" во Солт Лејк Сити, „Џан Батиста Виоти" во Верчели во Италија и др. Настапувала во некои од најпознатите концертни сали во САД, Италија, Франција, Швајцарија, Турција, Египет, Монако, Романија, Австрија, Русија, Јапонија и Кина.

Често како солист настапува со реномирани оркестри како Државниот академски оркестар на Русија, Симфонискиот оркестар во Јута, камерниот оркестар на Кремлин, Фестивалскиот пијанистички оркестар на Бергамо и Бреша, Симфонискиот оркестар на Перуџа, Филхармонијата „Жорж Енеску", оркестрите во Харбин и Каиро, оркестарот на театарот „Белини", Московскиот државен оркестар, како и оркестарот „Млада Русија" под диригентската палка на Павел Коган, Џозеф Силверштајн, Арнолд Кац, Епифанио Комис, Марк Горенштајн, Августино Орицио, Константин Орбелијан и многу други.

На фестивалските сцени има настапувано во Сполето, Истанбул, на „Етна фест" во Италија, на Фестивалот посветен на Рахмањинов во Украина, како и на Московските фестивали „Божиќ во Кремлин", „Музика на 20 век", „Руска зима" и други.

Виолета Егорова предава пијано на Академијата „Рахмањинов" во Катанија, каде е претседател и основач на интернационалната награда „Сергеј Рахмањинов". Уметнички директор е на Интернационалниот фестивал „Концертфест" во Москва и е активен член на Интернационалната Академија за информатизација која има консултативен статус при Обединетите нации од 1995 година.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија" со почеток од 21 часот. /МИА

Ужас во Колумбија: Фудбалер е погоден со нож во глава на дерби натпревар (ВИДЕО)

Потресна сцена е видена на едно од најголемите дерби натпревари во Јужна Америка, дербито во Меделин помеѓу Атлетико Национал и Индепендиенте, каде навивач фрли нож врз играч на Атлетико.

Ова дерби се рангира како едно од најголемите во Јужна Америка, но и во светот, а особено е интересно поради историјата и влијанието на наркокартелите, но и најголемиот нарко бос на сите времиња, Пабло Ескобар, кој своевремено управуваше еден од овие два клуба - Атлетико Национал.

Дека во Колумбија не е безбедно ниту на фудбалски терен, можевме да видиме на овој натпревар, каде што беше забележана шокантна сцена.

Во самиот финиш на натпреварот, кој на крајот заврши со резултат 2:2, кога играчот на Атлетико, Пабло Чепелини се подготвуваше да изведе корнер, од трибините кон него полета нож и го удри во глава. Веднаш се наведна со болна гримаса на лицето, а до него беше судијката, која ножот за среќа ја промаши, откако се одби од Чапелини.

Интересно, Чепелини реши веднаш да стане и да го продолжи мечот, како ништо да не се случило, само за натпреварот да дојде до крајот, иако го имаше секое право на светот да остане на земја и да побара од судијата да го прекине натпреварот , што ќе му дадеше на неговиот тим три бода.

Американска сенаторка е уапсена под сомнение дека извршила кражба во куќа (ВИДЕО)

Сенаторката на американската сојузна држава Минесота,  Никол Мичел (49) од градот Вудбери е уапсена под сомнение за кражба, соопшти полицијата на округот Детроит Лејкс.

Диспечерите примиле повик околу 4:45 часот во понеделникот од сопственикот на куќата, кој пријавил „провална кражба во тек“, а полицијата пристигнала на местото и ја уапсила Мичел, пренесува ABC News.

Не е познато дали Мичел имала задржано адвокат, а таа е уапсена додека Сенатот е на одмор до вторник поради празникот Пасха.

Според ABC News, нејзиното апсење дојде во незгодно време за демократите во Сенатот, кои имаат предност од еден сенатор во однос на републиканците, така што нејзиното отсуство може да биде проблем во донесувањето на законите доколку недостига поддршка од двете партии.

Пред да биде избрана за сенатор во 2022 година, Мичел работела како метеоролог за Армијата на САД, како и за ТВ КСТП и Јавното радио на Минесота.

Таа сè уште има чин потполковник во Воздухопловната национална гарда и е командант на метеоролошката единица.

Маќеата на Мичел живее на истиот блок куќи во Детроит Лејкс, каде што била уапсена сенаторката, според ABC News.

Агелер: Ништо нема да се постигне со негласање

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија Анџела Агелер на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

-Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи... мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање, стои во пораката на aмбасадорката Агелер.

Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со Парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.

притисни ентер