Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ за роденденот на „Охридско лето"

Фестивалот „Охридско лето" утревечер ќе го прослави 59-тиот роденден со концерт на познатите гитаристи Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на сцената на Античкиот театар. 

Со овој концерт нашата најпозната сценско-музичка манифестација ја продолжува традицијата својот роденден на 4 август да го одбележува со несекојдневни доживувања, нудејќи содржини малку поинакви од вообичаениот фестивалски концепт и со концерти што привлекуваат поширок аудиториум.

Влатко Стефановски, виртуозот на гитара од многумина оценет како нашиот најпознат музички амбасадор во светски рамки, на прес-конференција денеска рече дека „Охридско лето" со своите 59 изданија може да биде ментор и учител, пример за многу фестивали во регионот и светот. Секој негов настап во Охрид, рече, му бил предизвик, привилегија, задоволство.

– Сум растел заедно со овој фестивал, честопати сум бил во Охрид токму кога се случувало „Охридско лето". Сум доаѓал од Скопје пред 30 години за да го гледам Рави Шанкар во „Света Софија", токму во рамки на фестивалот. Сум учествувал на фестивалот. Знам колку е тешко да се организира ваква манифестација, со многу учесници, гости, сместувања, тонски проби, озвучување, простори, столчиња, по ветер, дожд, сонце…Оттаму и мојата поддршка на сите тие напори, со искрени честитки за толку голем јубилеј, рече Стефановски.

Мирослав Тадиќ не го криеше задоволството што му е дадена можност да настапува во земјата за која рече дека е извориштето на музиката што особено ја сака. Рече дека додека бил мал и гледал преноси на концерти од „Охридско лето", воопшто не верувал дека ќе ја има честа да свири на фестивалот, уште помалку за роденденскиот концерт.

– Македонија и мојата уметничка татковина бидејќи веќе 40 години откако заминав во САД на свој начин најмногу се занимавам токму со македонската музика. Таа е за мене извор на инспирација, на мошне интересен музички материјал, така што би се пофалил дека генерации студенти од целиот свет преку мене ја откриваат и обожуваат таа музика, со нејзината прекрасна мелодичност, хармонија и ритмика, истакна Тадиќ.

Стефановски и Тадиќ во дуо активно функционираат повеќе од две децении. Зад себе имаат над стотина концерти, меѓу кои настапи во најреномирани светски уметнички сцени, со најпознати симфониски оркестри, како оние во концертната сала „Музикферајн" во Виена, потоа со Лондонскиот симфониски оркестар во Лондон, во Монте Карло, Лајпциг, Магдебург, Вајмар, Лос Анџелес…Нивниот албум „Крушево" е култен меѓу дискофилите и култна плоча кај аудифилите кои го препознаваат добриот звук.

На денешната прес-конференција по повод утрешниот концерт беше истакнато дека денот кога фестивалот го слави роденденот стана симбол за неповторлив настан.

– Секоја година во традиционалниот термин од 12 јули до 20 август се случува магијата наречена „Охридско лето". Повеќе од половина век оваа манифестација испишува богата историја со славни имиња од светската музичка елита и врвни театарски креации. Секоја година 40-те фестивалски денови се празник на уметноста, рече директорката на „Охридско лето" Наташа Поповиќ.

Фестивалот „Охридско лето" официјално својот почеток го бележи со концерт одржан на 4 август во далечната 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ. Од година во година „Охридско лето" се развива по нагорна линија, прераснувајќи во манифестација која претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал. Фестивалот од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите, која на последниот состанок одржан во Лисабон го вброи „Охридско лето" меѓу трите најреномирани манифестации од тој вид во Европа. /МИА

Родители од пеколот: До смрт ги претепале своите едномесечни близначки, имале скршеници

Анџелина Белинда Калдерон и Фернандо Вега, двајцата на 21 години, од Хјустон, Тексас, се обвинети дека до смрт ги претепале своите едномесечни близначки.

Полицијата открила дека бебињата претрпеле повеќе модринки и скршеници за кои медицинските експерти претпоставувале дека биле предизвикани од серија трауми од тапа сила.

Една недела по ужасниот настан, мајката на близнаците отворила страница GoFundMe за да собере пари за погребите на девојчињата. Меѓутоа, полицијата тогаш открила дека таа и таткото на девојчињата се одговорни за смртта на новороденчињата.

Полицијата во Хјустон пристигнала во дом во близина на Линден Крик Лејн на југоисточната страна на градот веднаш по 11 часот на 4 октомври 2023 година, по повик 911. Кога влегле, откриле дека Масаил и Мирена Вега трагично починале.

Според судските документи, Вега на полицијата ѝ рекол дека откако ја однел на работа неговата сопруга, мајка на близнаците, ги нашол бебињата во креветчињата како не дишат. Тој тврдел дека ја оставил баба му да се грижи за нив додека тој бил отсутен.

Таткото ѝ рекол на полицијата дека тој и уште еден член на семејството се обиделе да ги оживеат бебињата, но не успеале. Извештајот од обдукцијата покажал дека двете бебиња биле покриени со модринки.

Д-р Хесус Рико, патолог од Институтот за судска медицина во округот Харис, рече дека првото дете имало неколку повреди, вклучувајќи дехидрација и контузии на различни делови од телото, како и скршеници што укажуваат на претходно злоставување. Тој ги известил надлежните дека овие повреди се нанесени намерно, а не случајно, пренесува Дејли Меил.

Другата близначка, исто така, имала модринки по телото, како и гребнатинки и скршеници, за кои се верува дека се во согласност со физичко малтретирање.

Лекарот нагласил дека овие повреди не се случајни и дека настанале во неколку инциденти. Наводно, имало три различни настани.

Двете близначки биле неухранети, при што едното покажало акутно мозочно крварење, додека другото претрпело крварење во мозокот и 'рбетниот мозок, што укажувало на неодамнешна траума. Патологот објаснил дека овие повреди може да се предизвикани од секундарна или директна траума со тап предмет.

Мајката и таткото моментално се во притвор.

Педофилот кој беше изрешетан од полицијата во Сиетл, бил воен лекар (Вознемирувачко видео)

Лицето кое беше брутално изрешетано од полицијата минатата недела во хотел во Сиетл за време на антипедофилска операција, е идентификувано како пензионираниот армиски лекар Брус Ковал Менели.

Менели е убиен околу 15 часот на 17 април во хотелот „ДаблТри“ од страна на полицијата, пренесува Фокс 13.

Видеото снимено од боди кам, објавено од полицијата минатата недела, покажа операција за апсење на 67-годишната Менели, кој бил осомничена за сексуални злосторства врз деца.

Полицајците излегле од хотелската соба за да му пријдат и, според камерата, тој извадил пиштол од јакната.

Сите тројца полицајци пукале кон него и испукале околу 30 куршуми.

Според медицинските податоци, Менели починал од „повеќе прострелни рани“.

Менели бил капетан на морнарицата и лекар кој служел во заливот Гвантанамо и зборувал за Њујорк Тајмс во 2016 година за злоупотребата на пациентите во далечинскиот центар за притвор. Тој исто така бил командант на мултинационалната медицинска единица на НАТО Role 3 во Авганистан.

Менели ја напуштил функцијата во Гвантанамо во 2009 година, а потоа и во НАТО во 2012 година.

Според властите, Менели бил под истрага за наводно извршување на интернет злосторства врз деца.

Според началникот на полицијата Адријан Дијаз, осомничениот се среќавал со две девојчиња, на возраст од 7 и 11 години.

Еден полицаец бил ранет во ногата, но куршумот само го огребал. Повредите му биле полесни и не бил пренесен во болница. Други повреди немало.

Според кривичната пријава видена од FOX 13, Менели е обвинет за сексуални злосторства во 2017 година, кога бил уапсен за време на рација за трговија со луѓе/проституција во Бремертон. Детективите се претставувале како сексуални работници на интернет и договориле средба со Менели, но тој всушност бил пречекан од неколку заменици на шерифот на округот Кицап. Бројот на Менелиус бил поврзан со две одделни операции на проституција.

Во документите од 2017 година се наведува дека Менели за време на интервјуто со детективите признал дека бил уапсен за сличен прекршок во Тексас неколку години претходно. Потоа бил испратен на општествено корисна работа.

Незапаметени поплави во Кенија- најмалку 30 загинати (ВИДЕО)

Според последните податоци, најмалку 32 лица загинале, додека двајца се водат за исчезнати, како последица на катастрофалните поплави што ја погодија Кенија.

Како што јави Си-Ен-Ен, речиси половина од земјата е потопена, додека повеќе од 100.000 луѓе се загрозени.

Обилните дождови започнале во средината на март, но поројните дождови се интензивирале во текот на изминатата недела, што доведе до огромни поплави. Кенискиот Црвен крст објави дека од почетокот на март интервенирале во речиси 200 спасувачки операции. Во главниот град Најроби, вчера беа затворени бројни патишта, а неколку населени места беа поплавени по уште еден ден со поројни врнежи.

- Ситуацијата во Најроби ескалира до екстремни нивоа. Окружната влада, и покрај нејзините најдобри напори, беше преоптоварена. Потребни ни се сите национални служби за итни случаи, тие мора да се мобилизираат за да спасат животи - напиша градскиот сенатор Едвин Сифуна на својот профил на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Тој сподели видео од жителите заробени на покривите на нивните куќи во сиромашниот кварт во Најроби.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасиле 18 лица во населбата Матаре 4А. Два главни автопати надвор од Најроби беа силно пренатрупани во средата откако делови од патиштата беа поплавени. Затворени се четири патни правци, а на два воведени се вонредни мерки.

– Сообраќајната полиција и нашиот технички тим се на терен за насочување на сообраќајот и подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, соопштија надлежните.

Кениските железници ги суспендираа приградските возови низ целата земја. Истовремено, метеоролозите најавија нови врнежи во поголем дел од земјава.

притисни ентер