Хамилтон стартува прв на ГН на Германија , Ферари доживеа фијаско

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес го постигна најдоброто квалификациско време пред утрешното Гран-при во Германија на 11. Светско првенство во Хокенхајм.

Хамилтон ја освои по четвртат пат пол-позиција оваа сезона и 87-ми во својата кариера.

Британцот имаше време од 1: 11.767, втор беше Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул (+0.346), а третиот тимскиот колега на  Хамилтон,  Валтери Ботас (+0.362) ...

Ферари не помина добро. Германскиот возач Себастијан Фетел мораше да се откаже од почетокот на квалификациската трка и утре ќе ја почне трката од последната позиција. Проблеми имаше и Чарлс Леклерк, кој во вториот круг од квалификациите остана без пласман , имено поради проблеми со автомобилот, тој не можеше да се качи на патеката и ќе почне од десеттото место.

Пред трката во Хокенхајм, Хамилтон има 223 поени, Ботас е втор со 184, Верстапен трет со 136 поени, а пилотите на Ферари , Фетел (123) и Леклерк (120) се четврти и петти.

Реал Мадрид најавува мега трансфер во летниот преоден рок!

Европскиот фудбалски гигант Реал Мадрид подготвил неверојатни 400 милиони евра за во летниот преоден рок да го ангажира фудбалерот на ПСЖ Килиан Мбапе, пренесе францускиот весник „Паризиен“.

Доколку првиот човек на кралевите од Мадрид Флорентино Перез успее да ја оствари својата долгогодишна ѓелба, ќе го направи новиот рекорд во светскиот фудбал и убедливо ќе го надмине трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ вреден 222 милиони евра.

На овој трансфер инсистирал наводно предводникот на Реал Зидан кој уште летово сакал да го ангажира сонародникот Мбапе, но подоцна морал да се задоволи со купувањето на Азар од Челзи.

Но, ѕвездата на ПСЖ , Мбапе е желба и на европскиот шампион Ливерпул како замена за евентуалното заминување на  Мохамед Салах.

Веќе е договорен најголемиот зимски трансфер , тежи 125 милиони евра

Мауро Икарди игра одлично како позајмен играч на ПСЖ, а откако постигна девет гола на првите десет натпревари, францускиот шампион реши да го откупи неговиот договор од Интер.

Ова го пишуваат голем број италијански и француски медиуми. Gazzetta dello Sport и Calciomercato велат дека веќе започнале преговорите помеѓу спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и Ванда Нара, сопругата и менаџер на аргентинскиот напаѓач, за неговиот заем да биде прекинат во јануари.

ПСЖ во договорот за заем на играчи од Интер има право да го купи Икарди со обештетување од 65 милиони евра додека играчот е во Париз. ПСЖ сака да ја активира клаузулата што е можно поскоро, при што претседателот Насер Ал Келаифи инсистира на остатокот на Икарди. Икарди во моментов заработува девет милиони евра годишно во ПСЖ, а со трајно преселување во тој клуб би добил 12 милиони евра годишно, без бонуси. Така, тој лесно можеше да добие и до двојно повеќе од платата што ја чекаше доколку се врати во Интер, каде заработуваше 7,5 милиони евра годишно.

ПСЖ, од друга страна, ќе му даде 125 милиони евра за обештетувањето и плата на Икарди.

Висока победа за АЛКАЛОИД во четвртото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

Шахистите на Алкалоид успешно ги продолжуваат борбите на Европскиот Клупски Куп. Мечот од четвртото коло беше со императив за висока победа, како предуслов да се продолжи трката за една од медалите. 

Алкалоид со 4 победи и две реми дојде до резултат  5:1 против екипата „Итака“ од Србија. Ковалев, Шанкланд и Криворучко со сигурна игра извојуваа победи. Следеа две реми на Андреикин и Инаркиев. Најголема борба се водеше на првата табла, меѓу велемајсторите Мамедјаров и Инѓиќ. Во динамична и остра позиција, дојде до израз шаховската сила на Алкалоидовиот играч, и партијата заврши со победа на Мамедјаров.

По одиграни четири кола, само 4 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 8 бода, а потоа следи група со 6 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.  

Во петото коло,  ШК Алкалоид за противник ја има екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“.

притисни ентер