Трамп: Кинескиот претседател Си Џинпинг се однесува „многу одговорно”

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти кинескиот претседател Си Џинпинг се однесува „многу одговорно”.

Во врска со протестите во Хонг Конг, почнати заради предложениот закон за екстрадиција што ќе овозможи жителите на автономниот регион да бидат испорачувани на судење во Кина.

-Во моментов работиме на трговските договори. Ќе видиме што ќе се случи, рече американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, пред средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан.

Хонг Конг веќе два месеца е средиште на понекогаш насилни протести, Што е најголема криза откако Британците во 1997 година и го вратија овој град на Кина.

Македонски автобус се преврте во Србија на пат кон Копаоник

Утрово околу 10 часот излетал од патот и се превртел македонски автобус во соседна Србија близу Блаце кај месноста Белољин. Во несреќата се повредени 26 лица од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље.

„Според првичните информации од лекарите згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокупље е потешко повредено. Засега сите се контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените. Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи. Од страна на МВР на Србија – Полиција Блаце сме информирани дека се уште се врши увид на местото на несреќата и засега не можат да се дадат подетални информации. На терен е и надлежен јавен обвинител“,стои во соопштените на министерството за надворешни работи.

Засега не е позната причината зошто автобусот излетал од патот во ендекот. Една од можните причини според српските медиуми кои ја пренесоа веста е тоа што оваа делница од Прокупље до Блаце на која порано многу имало сообраќајни незгоди последниов месец се реконструира и има градежни зафати па е под времен режим на сообраќај.  Патот на местото каде што излетал македонскиот автобус е само тампониран и тешко се разграничува до каде може да се вози а каде почнува ендекот односно ископаниот канал покрај патот кој служи за да ја собира водата во кој пропаднал автобусот. Екипите на српската брза помош веднаш пристигнале на местото на несреќата по што повредените се транспортирани во болници. Според неофицијални информации од болницата во Блаце патниците биле претежно од Радовиш кои тргнела на едно дневна екскурзија на Копаоник.

Голема полициска акција во Грчец и Арачиново

Голема полициска акција се случува на неколку локации во Скопје, меѓу кои и во селата Грчец и Арачиново, потврдуваат од МВР.

Жители на овие населени места сведочат за десетици полициски возила со специјални единици од МВР на терен. 

Од полицијата не откриваат детали за што се работи, кого апсат и која е целта на акцијата, но неофицијално акцијата е поврзана со пукањето во Александар Палас минатата недела.

Од МВР најавија дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.

Двајца потешко и десет полесно повредени во сообраќајката на патот за Копаоник

Две лица се тешко повредени, а десет полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Прокупље-Блаце, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, сообраќајната несреќа се има случено кај месноста Крива Ќуприја, меѓу Блаце и Белољина. Според првичните информации, автобусот бил на туристичката агенција Камелија од Скопје.

Според досегашните информации, две лица се тешко повредени и се пренесени во болницата во Прокупље.

Шест патници со полесни повреди, се згрижени во Здравствениот дом во Блаце, а останатите шест лица се пренесени во болницата во Прокупље на понатамошни испитувања и лечење.

-Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помогна на повредените и во тек е нивно згрижување, потврдено е од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите. /МИА

притисни ентер