Денеска ќе се знае новиот британски премиер

Конзервативците се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант.

Околу 160.000 членови на британската владејачка конзервативна партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, кој воедно и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, а резултатот од изјаснувањето денеска ќе биде соопштен.

Според анкетите, Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор,  е фаворит во оваа изборна трка, пренесуваат американските медиуми.

Двајца потешко и десет полесно повредени во сообраќајката на патот за Копаоник

Две лица се тешко повредени, а десет полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Прокупље-Блаце, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, сообраќајната несреќа се има случено кај месноста Крива Ќуприја, меѓу Блаце и Белољина. Според првичните информации, автобусот бил на туристичката агенција Камелија од Скопје.

Според досегашните информации, две лица се тешко повредени и се пренесени во болницата во Прокупље.

Шест патници со полесни повреди, се згрижени во Здравствениот дом во Блаце, а останатите шест лица се пренесени во болницата во Прокупље на понатамошни испитувања и лечење.

-Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помогна на повредените и во тек е нивно згрижување, потврдено е од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите. /МИА

Ангеловска: МојДДВ #Моја награда ќе доделува по десет парични награди на дневно ниво

Со новата апликација МојДДВ #Моја награда која започнува од 15 декември, граѓаните освен што ќе можат да го остваруваат правото на поврат на 15 проценти од ДДВ, ќе можат да добијат и десет парични награди на дневно ниво.

Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и можности да добијат награди.

Ова денеска го изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод саемот „Купи куќа, купи стан".

-Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и еднакви можности да добијат парични награди. Ќе се доделуваат 10 парични награди на дневно ниво, четири награди од по илјада денари, три награди од по 2 илјади денари, три награди од по 3 илјади денари, на месечно ниво ќе има 12 извлекувања за 15 награди по сто илјади денари, и ќе има две главни награди од по 3 милиони денари, рече Ангеловска.

Како што информира министерката, првото извлекување за главната награда ќе биде во март, а второто на крајот на наградната игра во декември 2020 година.

-Со новата апликација граѓаните ќе може и да видат колкав е повратот што го имаат секој момент остварено, колку број на сметки скенирале, и секоја фискална сметка ќе биде потенцијално добитна бидејќи слоганот на кампањата е „Секоја сметка е важна", рече Ангеловска.

Министерката додаде дека наградната игра е надоградување на проектот МојДДВ што е веќе успешен, и појасни дека главната цел на проектот е борба со сивата економија, да се стават граѓаните во улога на контролори, да бараат фискални смети и да пријавуваат кога има нерегуларност.

Дополнително, таа појасни дека граѓаните преку проектот МојДДВ веќе пријавуваат кога има нерегуларности, а со апдејтираната верзија на мобилната апликација, ќе имаат и посебно копче каде ќе можат уште полесно да пријават неегуларности за да потоа УЈП може да постапи.

Ангеловска истакна дека од Управата за јавни приходи е посочено сите граѓани да си ги проверат своите трансакциски сметки во мобилната апликација, а ако немаат трансакцјска сметка или е згрешена да ја апдејтираат за да може да им се изврши исплата на соодветна трансакциска сметка. Таа додаде дека има околу 5 илјади граѓани кои треба да си ги проверат и обноват трансакциски сметки. /МИА

Мизерни услови за возење во близина на Фени

Со ваква негрижа се доведуваат во директна опасност учесниците во сообраќајот.

Граѓаните реагираат на загадувањето од камионите на „Еуроникел“ на патниот правец Кавадарци- Возарци.

Според нив тоа се случувало подолг период а како причина се наведува дека камионите кои растовараат руда не се перат откако ќе излезат од комбинатот, со тоа останатата земја директно завршува на патот и со тоа учесниците во сообраќајот се доведуваат во опасност.

Калта од овој регионален пат стига и до градските улици.

притисни ентер