Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе се сретне со директорите и вработени во детските градинки. 

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките информираат од ресорното министерство.

Ангеловска: Граѓаните можат да добијат и до 20.830 евра субвенција преку „купи куќа, купи стан“

Пониска камата, повисоки субвенции се новите поволности кои се промовираа пред граѓаните заинтересирани за проектот купи куќа, купи стан.

Со новините на проектот предвидено е каматна стапка од 2,9% за првите три години и 3,9% за четвртата и петтата година, по што каматата следните години не смее да биде повисока од оние за станбен кредит. Субвенциите може да достигнат и до 20 илјади евра за млади кои ако земат кредит за куќа од 50 илјади евра на десет години. Условите за субвенционирање на државата се поделено на они помлади од 35 години и над оваа граница. Може да се конкурира за нов стан, куќа, доградба или надградба. Според сегашната динамика на искористеност на проектот оптимистичките проценки се дека годината би завршила со 150 одобрени проект што кога ќе се погледне во однос на вкупниот број директно продадени станови е многу слаба искористеност на проектот од 2 до 3%.

Градежниците потврдуваат дека многу повеќе има интерес за дирекна продажба отколку преку проектот

Една од новините во новиот проект е дополнителна 30% едногодишна субвенција за месечната рата за родено или посвоено дете во рок од 10 години од земањето на кредитот.

Заев и Сугарески во увид на градежните работи на клучката за ТИРЗ Прилеп

Надвозник со пристапни патишта кои овозможуваат безбедност и поголема пристапност за влез и излез од магистралниот пат Прилеп- Битола во индустриската зона ќе бидат ставени во функција до крајот на првата половина од идната година.

Овој инфраструктурен зафат вреден 240 милиони денари е битен за сегашните и за идните странски инвеститори кои ќе отвораат фабрики во овој дел од земјава. Став на премиерот Заев при денешниот увид во градежните работи на овој објект.

Министерот за транспорт Сугарески информира дека 28 проекти се во тек на реализација. За 7 е објавен тендер а 20 нови ќе бидат објавени на почетокот од идната година. Тој тврди дека се работи на документацијата за експресниот пат Прилеп- Битола а на оној од градско до Прилеп продолжуваат градежните работи.

Според владините претставници во инфраструктура и гасификација во пелагонискиот регион досега има вложено над 50 милиони евра. А,целта е  да се создадат подобри услови за живот и работа.

Зошто обвинителството не бара притвор за напад врз полицајци!?

Зошто јавното обвинителство не бара притвор за случаи со напади врз полицајци?

Ова прашање јавно го поставва  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е разочаран од несоодветно постапување на обвинителството за последниот случај со престрелката на криминална група во хотелот Александар Палас  на која и претходел конфликт меѓу осомничените и полициските алфи кои добиле закани по живот и за нивните семејства.  Напад на полициски службеник е напад на државата, а обвинителството не побара притвор, реагираше Спасовски.

Но министерот за внатрешни работи вчера во телевизиско интервју наброја и други случаи каде обвинителството не побарало мерка притвор, а тоа било неопходно. Спасовски откри голем случај со перење пари во Куманово, а јавното обвинителство не бара построги мерки. Ист е и случајот фатените подметнувачи на пожари и со криумчарењето мигранти во кумановско..

Од јавното обвинителство за Канал 5 велат дека не сакаат да коментираат ставови и изјави на политичари и функционери. Но тврдат дека постапуваат законски за сите случаи. Доколку обвинителството има законски основи да бара притвор тоа го прави, доколку нема основ се одредуваат други мерки, велат од обвинителство.

Министерот Спасовски пак дециден -  мора да почне прочистување во МВР и обвинителствата. Потребно е да се отвораат предмети за одговорност на судии, обвинители, но и поголем ангажман на Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, ДКСК кои според него ќе имаат поголема контрола врз обвинителите.

притисни ентер