Семејни тајни

Семејни тајни на Канал 5 секој работен ден во 20:30

Во 1944 година, малиот Николај со своето семејство бил принуден да се пресели во Станов, во Западна Украина. Тука тој се среќава со Катја, која има само татко. Николај и Катја стануваат добри пријатели. Сепак, ужасна трагедија ќе ги раздели за многу години. Таткото на девојчето исчезнува, а мајката на Николај е убиена. Момчето е однесено кај неговата баба, а вујкото Катја ја испраќа во сиропиталиште.

Години подоцна, Николај, како познат истражувач, одлучува да се врати во Станов за да го испита убиството на неговата мајка и да го пронајде вистинскиот криминалец. Во исто време, Катја, исто така доаѓа во Станов да ги посети нејзините родни места. Кога повторно ќе се сретнат Николај и Катја, силно се  вљубуваат еден во друг. Сепак нешто ќе се испречи на нивната љубов, но тоа не е далечината, туку мистериозни тајни.

Семејни тајни на Канал 5 секој работен ден во 20:30

притисни ентер