Гудачкиот квартет „Асасело“ музицираше на „Охридско лето“

Вечерен концерт со музика за гудачки инструменти приреди гудачкиот квартет „Асасело“ од Германија синоќа на фестивалот „Охридско лето“.

Младите и талентирани уметници, виолинистите Ростислав Кожевников, Барбара Штрајл, челистката Јустина Шлива и Тееми Мјоханен на чело, со својата извонредна изведба на одбраните композиции ја воодушевија публиката во црквата „света Софија“.

-Вечерта ја започнавме со музиката од Бетовен, потоа ја отсвиривме Дисонансата на Моцарт. Тие се едни од најлесните, но многу убави композиции, и на крајот свиревме музика од Шуберт. Ние како гудачки квартет настапуваме постојано заедно. Го основавме во Келн и следната година ќе одбележиме 20 години од нашето постоење што значи дека работиме прилично долго време, изјави виолинистката Барбара Штрајл.

Според неа, плановите на овој гудачки состав по настапот на „Охридско лето“

-Имаме план по нашиот концерт на фестивалот „Охридско лето“да ќе настапиме на концерт за германски композитори. Потоа ќе гостуваме на Музичкиот фестивал во Турку, Финска, каде што се собираат многу познати уметници, а потоа ќе имаме изведба на програма со унгарски дела. Исто така планираме и соработка со танчери, како и обработка на современа музика.

Значајни настапи за квартетот „Асасело“ се концертното деби на сцената на филхармонијата во Келн, 2017 година, како и нивната соработка со Ричард Сигал и Стефани Тирш на проекти со танц како на пример: „Бронза од Злато“ која ја изведуваат на Фестивалот посветен на Бетовен во Бон. Преку различни награди и спонзорства, квартетот успева да развива проекти и да создава музички пријателства со бројни уметници меѓу кои: Кристоф Дежардин (Париз), Хаим Тауб (Тел Авив), Јурген Геизе (Салцбург) и Дејвид Алберман (Лондон). Ансамблот добива значајно уметничко водство работејќи заедно со некои од најзначајните композитори на нашето време: Томас Адес, Александра Грука, Михаел Џарел, Хелмут Лахенман, Хајнц Марти, Сергеј Невски, Матијас Пинчер, Волфганг Рим, Каја Саријахо и др. Во 2016 година квартетот ги сними сите квартети на Арнолд Шенберг со сопранот Ева Реш за издавачката куќа Џенуин (Genuin). Во текот на оваа 2019 година ќе го изведат целиот циклус квартети на Шенберг во Келн, а се враќаат и на „Бетовенфест“ во Бон со нов танцов проект од Стефани Тирш.
Напишаа од Охридско лето.

Во скопско Кожле се гласа во трепезаријата од локалната црква

Избирачко место 2391 во општината Петровец е на невообичаено место. 

Не е во училиште, туку во дворот на црквата Свети Спас во скопското село Кожле. Списокот на гласачи не е долг. Има вкупно 18 гласачи. Гласањето е во трпезаријата на црквата. Мирно пријатно со христијанските симболи граѓаните оние малкумина кои останале во оваа просторија гласаат на изборите претходно биле локалните. Училиште нема.

„Нема друго место единствена просторија е оваа црковна трпезарија“, вели Неал Абдул Ибраими од избирачкиот одбор.

Живко Добревски жител на селото Кожле е еден од 18 гласачи вообичано гласаат шестмина од селото другите се иселени низ европските земји. Тој по пензионирањето се вратил во родното Кожле. Знае дека местото на гласање е невообичаено но тоа единственото место. Претходно се гласало во приватна куќа.

Пред гласањето можност за граѓаните да заплат свеќа во старата црква Свети Спас изградена според пишаните податоци во 1847 година. Црквата со вековна убавина и уникатен иконостас оставен на времето и на неколкумината жители да го одржат духот на верата и убавината на старите фрески.

А до црквата од селото има 900 метри пат, по синоќшниот дожд поплавен и со кал, но жителите верни на изборниот ден и на посетата на црквата. Веруваат дека краткиот земјен пат до цркавата и гробишата каде е погребан и потекнува и од Кожле македонскиот бисер во книжевноста Гане Тодоровски ќе биде направен.

Избирачкиот одбор вели станале во четири часот изутрина за навреме да стигнат ќе бидат тука и во наредниот круг на гласање бидејќи воздухот и природата се нешто што го нема во урбаните гласачки места.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер