Концерт и две изложби денеска на програмата на „Охридско лето"

Програмата на „Охридско лето" за денеска предвидува три уметнички содржини.

Музичката програма продолжува со концерт на квартетот „Асасело", со уметниците Ростислав Кожевников на виолина, Барбара Штрајл – виолина, Јустина Шлива – виола и Тееми Мјоханен на чело.

„Асасело" е формиран во Базел во 2000 година, уште додека неговите членови биле студенти на отсекот за камерна музика на тамошниот факултет. По дипломирањето квартетот се сели во Келн, каде продолжуваат да работат и да студираат под менторство на познатиот квартет „Албан Берг". Членовите на „Асасело" кариерата ја започнуваат со победата на натпреварот „Мигрос Културпроцент" во Цирих по што следат турнеи и интернационални концерти во Унгарија, Русија, Холандија и Велика Британија. Ансамблот добива значајно уметничко водство работејќи заедно со некои од најзначајните композитори на нашето време како Томас Адес, Александра Грука, Михаел Џарел, и др. Во 2016 година квартетот ги сними сите квартети на Арнолд Шенберг со сопранот Ева Реш за издавачката куќа Џенуин (Genuin).

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија" со почеток од 21 часот.

На програмата на фестивалот денеска е и изложбата на уметникот Стефан Хаџи-Николов, зад кој стојат 75 самостојни изложби во Скопје, Охрид, Солун, Истанбул, Анкара, Софија, Пловдив, Варна, Белград, Ниш, Приштина, Лондон, Париз…

Оваа изложба ќе биде негово осмо самостојно претставување во Охрид одбележувајќи 30-годишен јубилеј од првата самостојна постановка во грдот. Изложувајки осум пати во Охрид, сликарот успеал да се претстави со повеќето свои творечки периоди. На изложбата се претставува со фигуративни и не фигуративни слики и за прв пат го слика градот Охрид, неговата околина со еден специфичен ликовен израз.

По повод 70-годишнината од формирањето на Народна Република Кина, во организација на Кинеската амбасада вечер во Изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев" од 19 часот ќе биде презентирана изложба на фотографии на Македонци кои ја посетиле Кина. Изложбата на фотографии има за цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството меѓу Кина и Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани.

Фотографиите ќе бидат тематски распределени во четири категории: „Природата и природните богатства на Кина", „Историски и културни знаменитости во Н. Р. Кина", „Кинеските градови и нивните значајни обележја", „Животот на луѓето во Кина".

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

Де Роси за дуелот со Алонсо во ЛЕ: Го почитувам уште од кога беше играч

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ја прокоментира големата победа на тимот со 2:1 против екипата на Милан, со која и официјално „римските волци“ се пласираа во полуфиналето на Лига Европа.

Менаџерот, кој неодамна го презеде првиот тим, продолжува да прави чуда, а синоќа ги пофали своите играчи за нивниот напредок.

-За да го победиме овој Милан ни требаа вештини. Кога останавме со 10 фудбалери, моравме да играме со интензитет, но со интелигенција и тактичко знаење. Само трчање не е доволно. Многу сум горд што тренирам таков тим. Не беше лесно бидејќи Милан е многу силен тим кој игра добар фудбал. Завчера видовме дека дури ни Реал Мадрид не беше активен и се бранеше, ние истото го направивме, кога беше вистинскиот момент за тоа, изјави Де Роси.

Римјаните во полуфиналната фаза ќе играат против екипата на Баер Леверкузен во реприза на пресметката од истата фаза на турнирот од минатата кампања, кога „волците“ стигнаа до успехот.

-Можеби сакаат да се одмаздат за минатата година кога ги победивме. Ќе видиме што ќе се случи, но очигледно не не сметаат за фаворити. Можеби некој го чекаше Милан во полуфиналето од Лига Европа. Имам голема почит кон Чаби Алонсо уште од кога беше играч, додаде Де Роси.

Првиот натпревар е на 2 мај (четврток), а реваншот е точно една недела подоцна на 9 мај (четврток). /МИА

притисни ентер