Позната е комплетната програма за Културно-научните средби „10 дена Крушевска Република"

Манифестациите почнуваат вечерта на 31 јули кога во Крушево, по 18 часот традиционално пристигнува Коњаницата пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево.

Почит за големото Илинденско востание и 116-годишнината од Крушевската Република, повеќе манифестации и настап на изведувачи донесува целосната програма за одржувањето на традиционалната манифестација, Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република".

Официјално манифестацијата почнува на 1 август. Прво, во 10 часот ќе биде посетена Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во селото Смилево и ќе бидат положени свежи цвеќиња пред споменикот на Даме Груев. Од 13 часот на 1 август во крушево е изложбата на влашки носии, а од 18 часот е доаѓањето на Коњаницата која се движи кон Гумење кај Крушево, предводена од воениот оркестар при Армијата на Република Северна Македонија. До 20.30 часот на први авгуист ќе бидат положени цвеќиња пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули и на гробот на Тоше Проески на гробиштата на Гумење, пред споменикот на Партизанските гробишта, како и во средината на криптата на илинденските востаници.

Потоа е официјалното отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република" на Гумење. На отворањето ќе се обрати претседатеклот на Манифестацијата, крушевскиот градоначалник Томе Христоски, а на истакнати инаституции и поединци ќе им се доделат плакети. Ќе биде подигнато знамето на Крушшевската Република, ќе настапат Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, а отворањето на манифестацијата ќе биде означен со импровизираното пукање од крушевското топче и со Огномет.

На 2 август, на Илинден, ќе бидат положени свежи цвеќиња и почит ќе им биде оддадена на: претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред неговиот гроб во споменикот „Македониум" на Гумење, на паднатите илинденски борци кај месноста Слива и ќе се одржи панихида за илинденците во црквата „Свети Никола" во центарот на Крушево. Од 12 часот е централното чествување на Мечкин Камен каде ќе се обрати претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република" до 10 август продолжува со низа настани: манифестација посветена на унгарската култура на 3 август, на 4 август е манифестацијата посветена на влашката култура, а на 5 август е концертот на тенорот Влатко Груески во спомен-куѓата на Тодор Проески на Гумење. На 6 август е целовечерникот настап на Хорот „Злата Мегленска" на градскиот плоштатд во крушево, „Никола Мартиноски". На август, во рамките на научно-културните средби е тетараска претстава на театарот „Провокација", една за младите,а друга за повозрасните. На 8 август е настапот на културноуметнички друштва, а на 9-ти ќе има концњрт во крушевскиот градски парк. Манифестацијата на 10 август ќе заврши со целовечерен концерт на Викторија Лоба, а потоа и со церемонијата на спуштањето на знамето на Крушевската Република на Гумење во Крушево./МИА

Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ги повика завојуваните страни во Украина и Газа да преговараат за мир бидејќи „договорениот мир е подобар од бескрајна војна“. 

-Ги молам, земјите во војна, сите нив, прекинете ја војната. Барајте преговори, барајте мир, рече папата во интервју за Си-Би-Ес Њуз.

Папата кажа дека секојдневно е во контакт со свештениците од Газа за да ги праша за нивните искуства и дека може да помогне да се постигне мир само преку молитва.

Зборувајќи за влијанието на војната во Украина врз децата, папата додаде дека „тие деца заборавиле како да се насмевнат“.

-Многу е тешко кога детето ќе заборави да се смее. Тоа е многу сериозно, додаде првиот човек на римокатоличката црква. /МИА

Пентагон потврди: На Украина веќе и се испорачани проектилите со дострел од 300 километри

Украина веќе почнала да ги користи американските балистички ракети со долг дострел, тајно доставени од САД за борба против руските сили, потврдија американските власти.

Како што јави Би-Би-Си, овие проектили се дел од пакетот вреден 300 милиони долари што американскиот претседател Џозеф Бајден го одобри во март и ѝ биле доставени на Украина на почетокот на овој месец.

Ракетите ATACMS, кои имаат дострел од 300 километри, досега се користени барем еднаш за уништување цели на Крим, кој е под руска контрола од 2014 година. Потсетуваме дека ноќеска Бајден го потпиша претходно усвоениот закон за испорака на воена помош за Украина во износ од 61 милијарда долари.

САД претходно ѝ испорачаа на Украина верзии на ракетата ATACMS кои имаат скратен дострел од околу 100 милји и можат да носат помала боева глава. Сега шефот на Белата куќа одобри испраќање ракети со долг дострел:

- Можам да потврдам дека САД ѝ испорачаа на Украина ракети со долг дострел ATACMS по директива на претседателот Бајден. Ова не го потврдивме порано за да ја одржиме оперативната безбедност на Украина на нивно барање - изјави Ведант Пател, портпарол на Стејт департментот.

Не се знае точно колку проектили се испорачани, но американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Вашингтон планира да испрати нов контингент:

- Тие ќе направат разлика. Но, како што реков претходно, нема сребрен куршум од ова место - рече тој.

Минатата недела за прв пат беа употребени проектили со поголем дострел за напад на руски воен аеродром во окупираниот Крим, објави Ројтерс, цитирајќи неименуван американски функционер. Новите проектили биле користени и во нападот врз руските војници во окупираниот пристанишен град Бердјанск во текот на ноќта во вторникот, според Њујорк Тајмс.

Во последниве месеци, Киев ги засили апелите за помош од Запад, бидејќи резервите на муниција се смалуваат, а Русија напредува на фронтот. Новиот пакет помош ќе следи по неколкумесечниот застој поради противењето на помошта од страна на републиканците во Конгресот.

– Ќе ја направи Америка побезбедна, ќе го направи светот побезбеден – рече Бајден по потпишувањето на новиот закон за испраќање помош во Украина и додаде:

- Ќе се погрижам испораките да започнат веднаш. Во следните неколку часа, буквално за неколку часа, ќе почнеме да испраќаме муниција за системи за противвоздушна одбрана, артилериски ракети и оклопни возила во Украина.

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, брзо реагираше:

- Сега ќе направиме сѐ за да надоместиме половина година помината во дискусии и сомнежи. Она што рускиот окупатор можеше да го направи за ова време, што Путин го планира сега, треба да се свртиме против него.

Зеленски неодамна предупреди дека се очекува руска офанзива во наредните недели откако Украина го загуби градот Авдијевка во текот на зимата. Украинските сили претрпеа порази во последниве месеци поради недостаток на муниција и системи за противвоздушна одбрана, а официјалните лица го обвинија доцнењето на воената помош од САД и другите западни сојузници за загубата на животи и територии.

Трагедија во Австралија: Десетици китови се насукаа на брегот, спасувачите немоќни (ВИДЕО)

Околу 140 пилот-китови се насукаа денеска на западниот брег на Австралија во близина на градот Дансборо, додека најмалку 26 веќе угинаа пред властите да успеат да ги спасат.

„Нашиот тим моментално ја проценува состојбата на китовите на плажата, а тимовите на вода се обидуваат да ги задржат животните заедно и подалеку од плажата“, соопшти австралиската управа за биолошка разновидност, според Асошиејтед прес.

Регионалниот офицер за заштита на дивиот свет, Пиа Куртис, рече дека за жал, исходот за пилот-китовите генерално не е добар на плажата бидејќи многу од животните умираат.

Надлежните ги повикаа граѓаните да не се обидуваат да спасуваат животни без инструкции од стручни лица, бидејќи во спротивно може да предизвикаат дополнителни повреди на животните и да го отежнат нивното спасување.

Овие китови се групирани на четири места оддалечени неколку километри.

Јатата на пилот китови, т.н. затоа што се верува дека сите следат еден „пилот“, може да се движат од 10 до над 100 животни и живеат неразделно, што може да е причината за нивната добро позната тенденција да се насукаат на плажа , пишува магазинот BBC wildlife.

притисни ентер