Проговори на српски и упати дузина оптимистички пораки, но денеска, по заминувањето од Белград, зад Макрон остана старата вистина – дека Западен Балкан ќе почека за членство во ЕУ. Францускиот претседател во Белград не се поколеба на Вучиќ јавно да му каже дека на Србија и е прерано за во ЕУ, а на земјите од Западен Балкан да биде трпеливи додека Брисел не ги заврши длабоките реформи.
-Европската Унија денеска не функционира, ваква како што е, со 28 земји. Мислам дека прво треба да донесеме некои одлуки и да не се врзуваме за датуми. ЕУ не може да напредува, да се шири, а сама да не се реформира. Тоа не би било ниту поклон за оние што сакаат да се придружат во Унијата. Јас верувам во Европа која не е бирократски процес, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција
Во таква Европа верува и најверојатната нова претседателка на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лејен, во денешното исцрпно обраќање во Европскиот Парламент, речиси и да не проговори за проширувањето и за Западен Балкан. Во говорот пред пратениците, таа фокусот го стави на климатските промени во Европа.
-Планирам да постигнам Зелен договор за Европа уште во првите 100 дена од мојот мандат и зголемување на средствата за оваа цел. Целта е да создадеме климатски неутрална Европа до 2050 година, изјави Урсула Фон Дер Лајен, кандидат за претседател на Европската Комисија
Дали Лејен ќе стане првата жена претседател на Европската Комисија ќе биде познато вечерва, по гласањето во Стразбур. Таа треба да освои најмалку 374 гласа од 751-члениот Парламент.