Османи: ДУИ на лидерската ќе го отвори и прашањето за ветинг

Демократската унија за интеграција останува на ставот дека  Македонија има потреба од институција што ќе биде фокусирана на борба против корупцијата на високо ниво во политиката. 

Тоа е барање на Европската Унија, тоа е барање на граѓаните, и со таков став ќе се претставиме на лидерската средба.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по завршување на панел дискусијата „Националните перспективи на крајот на романското и во очекување на финското претседателство со Советот на ЕУ", што се одржа денеска во Министерството за надворешни работи.

– ДУИ ќе бара да почне да се реализира иницијативата за ветинг. Сметаме дека тоа е неопходно доколку сакаме враќање на довербата во институциите од страна на граѓаните, но и од страна на институциите на ЕУ и ќе бара да се исполнат сите прашања што ќе ни го отворат патот за добивање датум за почнување на преговори со Унијата, рече Османи.

Во врска со новоотворениот случај на Јавното обвинителство „рекет", Османи, говорејќи во името на партијата, рече оти ДУИ е разочаран од тоа што се случи вчера.

– ДУИ е најголем непријател на селективната правда, и доколку ги следите обраќањата на лудерот Али Ахмети ќе видите дека во секој говор селективната правда е како канцер на општеството, затоа ДУИ го предложи законот за ветинг и во политиката и во судството, и кај сите носители на јавните функции, рече Османи.

Додаде дека институциите треба да истражат точно што се случило, која било позадината, и кои биле реперкусиите, посочувајќи дека ДУИ останува на ставот дека земјава има потреба од инститиција што ќе биде фокусирана на борбата против корупцијта на високо ниво во политиката.

Помпео се заканува со санкции поради иранскиот танкер!!

САД ќе преземат се што можат за да не дозволат иранскиот танкер да успее да и достави нафта на Сирија во Средоземното море, и на тој начин да се прекршат американските санкции, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео.

Помпео ја предупреди официјална Атина да  не му помага на иранскиот танкер и се закани со санкции доколку тоа се случи, пренесе Ројтерс.

Официјална Грција соопшти дека не добила никакво барање од танкерот за пристанување  во едно од нивните пристаништа.

-Јасно им дадовме до знаење дека ако допуштат иранскиот танкер да влезе во пристаниште ризикуваат САД да им воведе санкции, изјавил Помпео.

Американскиот државен секретар воедно истакнал дека САД ќе сторат се за го спречат заминувањето на иранскиот танкер во Сирија.

Поради дефект без вода корисниците од Момин Поток

  Поради уличен дефект на улицата „Октомвриска револуција" 56 во Скопје од 10:15 часот претпладнево е прекинато водоснабдувањето на корисниците од населбата Момин Поток.

– Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација"-Скопје.

МТСП планира да отвори повеќе шелтри за жртви на семејно насилство

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладне го посети Засолништето за лица жртви на семејно насилство во Кочани, каде што беше на роденденска забава на едно од четирите малолетни деца кои се засолнети заедно со нивната мајка. Стручниот тим детално ја информираше министерката за овој случај на семејно насилство, како и за процедурите и постапките за него, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

-До крајот на годината Министерството планира да отвори уште неколку специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, во повеќе региони низ државата. Целта на овие сервиси е советување, третман и заштита на жртвите на родово базирано насилство, од сите форми на насилство, најави МТСП.

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека посветено работат на соодветна и навремена помош и заштита на жртвите на семејно насилство.

МТСП е во фаза на подготовка на законска рамка за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената и активности од Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Дел од тие активности ќе се реализираат со поддршка од Холандската амбасада за што неодамна беше потпишан договор за соработка.

притисни ентер