Го ратификувавме протоколот за НАТО, а и покрај тоа што не сме дел од Европската Унија силно ве поддржуваме оваа година да ги почнете преговорите за членство. Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу кој е во дводневна посета на земјава верува во машата евроатланската иднина, но очекува да помогнеме во борбата против организацијата „ФЕТО“ и „ѓуленистите“, кои пред 3 години направија неуспешен обид за воен преврат во Турција.
-Борбата против оваа терористичка организација е важна и за безбедноста на Македонија, но и за безбедноста на регионот. Тие се присутни во повеќе од 100 земји и значи дека некој ги подржува. Очекуваме чекори на овој план. Туција од секогаш е покрај Македонија Ние сме природни сојузници,а сега и официјално ќе бидеме сојузници во НАТО,изјави - Мевлут Чавушоглу – Министер за надоврешни работи на Турција.
Сепак Турција си има свои проблеми со ЕУ и НАТО. Лидерите за земјите членки на унијата во Брисел одлучија да воведат санкции против официјална аАнкара поради дупчење за пронаоѓање гас и нафта покрај брегот на Кипар, а челниците на НАТО, пред се САД, остро реагираат на купувањето на руски ракети за потребните на турската армија. Сепак, турските власти по се изгледа не се многу загрижени за овие состојби.
-Системот што го набавуваме не претставува закана за системот на НАТО, а вклучувајќи ги и воените авиони Ф-35, ќе биде под целосна контрола на Турција. Ќе се користи во моментот кога ќе имаме потреба од безбедносна одбрана,изјави - Мевлут Чавушоглу – Министер за надоврешни работи на Турција.
Средбата меѓу Димитров и Чавушоглу беше искористена и за договарање на деталите за најавената посета на турскиот претседател Реџеп Тапи Ердоган на земјава.