Арсовски: Кредибилитетот на СЈО е на најниско ниво

 Со вчерашното апсење се покажа дека во Република Македонија владее криминално политичко милје и се докажа сето она, односно се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период.

Прашање: Власта денеска излезе со став дека вчерашното апсење е потврда за тоа дека правната држава функционира и дека неселективно се пресметува со криминалот и со корупцијата. Каков е ставот на опозицијата во врска со ова?

Одговор: Со вчерашното апсење се покажа дека во Република Македонија владее криминално политичко милје и се докажа сето она, односно се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период. Сето она што го видовме вчера е само потврда дека во Република Македонија има огромна корупција, има огромни скандали меѓутоа над овие луѓе треба да се бараат нарачателите. Ние имаме сериозен сомнеж дека нарачатели на сето ова се врвот на власта, односно врвот на СДСМ. Така да ова е уште една потврда дека во Република Македонија владее сериозна корупција, владее сериозно рекетарство, уцени и сето она што се случуваше во изминатиот период со СЈО се покажа дека било само инструмент за политички пазар. Било инструмент за уцени и личен интерес. И едноставно за уценување на сите оние луѓе кои што беа опфатени на оние снимки кои што беа во СЈО.

Прашање: Во петок е закажана лидерска средба, дали ќе присуствува опозицијата?

Одговор: Нашиот став во однос на лидерската средба е непроменет од однос на вчера. Ние како што рековме на лидерската средба прво и основно треба да се разговара за предвремени парламентарни избори, а потоа за се останато, после таа точка. Ние веќе еднаш инициравме да се сретнат лидерите за ЕУ агендата, за реформите во Република Македонија меѓутоа тогаш Зоран Заев едноставно не сакаше и избега. Еве сега повторно бега од она главно прашање кое што го ставаме на маса, а тоа е како прва точка на лидерската средба да се разговара за предвремени парламентарни избори кои после сите скандали и се неопходни на Република Македонија. И она вчерашно апсење кое што се случи е само политички циркус се со цел да се покријат сите оние огромни скандали кои што изминатиот период ја нагрнаа власта односно директно го нагрнаа Зоран Заев за кој како што реков отвораме сериозен сомнеж дека тој е можеби и врвот на целата пирамида. И тоа треба да се истражи. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори за да Република Македонија излезе од оваа криза во која што моментов се наоѓа и која што е многу сериозна и со многу коруптивни, и секакви други скандали.

Прашање: Вчерашниот став на ВМРО-ДПМНЕ за лидерската беше дека органите на партијата ќе одлучат дали да се оди на таа лидерска средба односно ќе треба и тајмингот да се види дали Мицкоски е слободен. Сепак телефонот на Специјалната јавна обвинителка е одземен, нели е тоа доволна причина да се отиде на таа лидерска средба и да се наметне прашањето кое вие инсистирате?

Одговор: Видете, како што реков, во однос на терминот и локацијата за лидерската средба тоа органите на партијата ќе анализираат и ќе кажат согласно како што кажав агендата на претседателот. Во однос на лидерската средба на темите нашиот став останува непроменет и во однос по сите случувања кои што не само вчера, туку и претходно се случуваа ние затоа бараме прва точка на таа лидерска средба да биде разговор за предвремени парламентарни избори, бидејќи во моментот парламентарни предвремени избори се неопходни да се стави крај на сето ова што се случува. Народот е револтиран, народот веќе еднаш му покажа црвен картон на Заев тоа беше на овие претседателски избори кои што изминаа за подоцна да прави политички пазар и така да победи но во моментов неопходни се предвремени парламентарни избори и тоа е нашето барање. На таа лидерска средба прво прашање по кое што ќе се разговара да биде предвремени парламентарни избори.

Прашање:После вчерашните случување каде што и се одзема мобилниот телефон на Катица Јанева во јавноста каде што има сомнежи во случајот, каков е според вас кредибилитетот на СЈО?

Одговор: Видете кредибилитетот на СЈО не и во моментов и претходно беше таков каков што беше односно никаков и на најниско ниво. ВМРО ДПМНЕ и сите останати независни експерти и аналитичари оценуваа и укажуваа дека Специјалното Јавно обвинителство е само еден инструмент на СДСМ и на власта да може да се вршат уцени и да се прави политички пазари со одредени политичари или да се изнудува одредена корист од одредени бизнисмени и јавни личности. Со она што се случи вчера тоа само се потврди дека интегритетот на СЈО и на Катица Јанева која што неспорно е дека отсекогаш била блиска со СДСМ и со Зоран Заев е никаков и тоа е она што наназад со години ги следи Специјалното Јавно Обвинителство бидејќи таму не владееше односно не се спроведуваше неселективна правда туку напротив се спроведуваше селективна правда и еве како што гледаме не само што се спроведуваше селективна правда, тоа било едно дувло каде што со сите оние снимки, со сите оние прислушкувани разговори кои што едноставно можеа да се купат на тезги на пазари кои што беа расфрлани од Зоран Заев, се покажа дека биле користени, за рекет, за уцени, за изнуда од одредени луѓе. Сето она кое што го работеше СЈО во моментов паѓа во вода.

Прашање новинар: Премиерот Заев, вчера рече дека не размислува на предвремени избори или тие евентуални би можеле да се случат есен наредната година. До тогаш има прилично многу време, а вие секојдневно барате избори. Размислувате ли на некој нов начин да издејствувате, да извршите притисок, можеби со протести, можеби со деинституционализирање?

Одговор: Зоран Заев и во вчерашната своја изјава каде што кажа дека тој би разговарал за промена на изборен модел меѓутоа да не биде притисок да не биде предвремени избори, уште еднаш покажува дека бега од истите избори. Бега затоа што знае дека на следните предвремени парламентарни избори ќе биде поразен и тоа ќе биде поразен со огромен пораз кој што ќе му го нанесат граѓаните. Причината е јасна зошто ќе следи тој пораз. Тоа е поради неисполнетите, поради сите оние скандали во кои што беше вмешан тој самиот и во кој што беа вмешани сите негови функционери. Секој ден имаме различни и нови скандали, каде што гледаме дека се местат тендери, има двојни аршини, односно сите оние кои што се од СДСМ имаа предност во одредени функционирања на институциите. Има скандали каде како што гледаме биле вршени рекети, уцени. Така да сите тие скандали доведуваат до тоа дека Зоран Заев знае и е свесен дека неговиот рејтинг е паднат, на неговата партија рејтингот е паднат и дека на наредните предвремени парламентарни избори ќе биде поразен. Со тоа што да почекаме да видиме дали ќе има и дали ќе се разговара согласно нашиот услов за предвремени парламентарни избори, можеби ќе се предомисли Зоран Заев, ќе сфати дека ја нема довербата кај граѓаните, ќе објави парламентарни избори и мирно ќе си замине од власта за да може подоцна да се спроведе и правната држава и меѓутоа да се расчистат сите овие скандали. Но, доколку не се случи тоа во наредниот период ќе излеземе со конкретни точки од страна на органите на партијата, нормално Извршниот, а потоа и Централниот Комитет и потоа ќе ги кажеме нашите следни постапки. Сега да не избрзуваме, може ќе се вразуми после сите овие случувања да сфати дека треба оди од власта и да ја напушти власта во Република Македонија.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер