Од утре постабилно време и пораст на температурата

Пораст на температурите и стабилно време најавуваат метеоролозите во наредните денови.

Од УХМР информираат дека нестабилно со локален пороен дожд и грмежи ќе биде в петок и сабота во попладневните часови.

Утре температуата ќе достигне до 31 степен, в четврток од 26 до 33, петок од 25 до 33, сабота од 26 до 35 и недела од 28 до 36 степени. 

Во Париз денеска средба на Макрон и Мицотакис

Привлекување инвестиции, намалување на примарниот суфицит за 2021 година, стабилност и безбедност во регионот и поддршка за зелената агенда на Макрон.

Се целите со кои премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис заминува за Париз, каде што денес ќе оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Според грчки владини извори, Мицотакис на денешната средба ќе испрати порака дека Грција по 10-годишна криза сврти нова страница и има реформска влада, а една од целите е во рамките на состанокот со Макрон да упати повик до француските бизнисмени да инвестираат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Кoсовските пратеници денеска треба да гласаат за распуштање на парламентот

Koсовските пратеници денеска треба да гласаат за распуштање на парламентот, за да се отвори патот за непосредни општи избори.

Овој потег уследи по оставката на Рамуш Харадинај како премиер на земјата на 19 јули, откако беше повикан на распит како осомничен.

Ако распуштањето биде поддржано од две третини членови на парламентот со 120 места, ќе бидат распишани предвремени генерални избори.

Датумот на изборите допрва треба да се потврди по консултациите на сите партии во собранието. Претседателот на Косово има право да одреди нов датум на избори во рок од 30 дена.

Одлуката на Собранието да се одржи гласање за распуштање е веќе одобрена од премиерот во заминување на Косово Рамуш Харадинај, кој напиша на фејсбук дека тоа е прави  на одлука и во согласност со законите и уставот на земјата.

Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева

 По вчерашното приведување и одредување на мерка притвор на Катица Јанева, останува отворено прашањето кој ќе ја наследи на функцијата шеф на Специјалното јавно обвинителство.

Според републичкиот јавен обвинител Љибомир Јовески, кој се повикува на Законот за јавното обвинителство, во ваков случај треба да реагира Советот на јавни обвинители и да назначи вршител на должноста. Тоа би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Од друга страна, претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

– Само во еден случај, Советот назначува вршител на должност. Тоа е тогаш кога на еден јавен обвинител му се прекинува мандатот или е разрешен и Советот назначува вршител на должност од редовите на тоа обвинителство. Доколку Јанева не е разрешена и додека не и се прекине мандатот, не можеме да назначиме вршител на должност. Постапката за разрешување е предвидена со законот за СЈО, каде се вели дека доколку предлагаме ние, треба да подготвиме извештај и да го доставиме до Собранието, комисиите да го разгледаат и потоа Собранието да ни предложи ние да разрешиме, појаснува Штерјев во изјава за медиумите.

Законот за СЈО во член 18 вели дека јавниот обвинител може да се разрешува од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител во разумен рок треба да достави до Парламентот извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување. Извештајот би бил достапен на јавноста преку комисиите во Собранието, освен ако некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење.

Врз основа на доставниот извештај, а на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата и по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници, Советот по предлог на Собранието го разрешува јавниот обвинител. Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.

Согласно член 19 од овој закон, разрешениот јавен обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да поднесе тужба до Основниот суд Скопје 2-Скопје за разгледување на одлуката за разрешување. Со одлука на судот, јавниот обвинител може да биде вратен на работа или да добие друг вид надоместок.

притисни ентер