Фото: Воена парада во Париз

Во Париз е одржана грандиозна воена парада  во чест на националниот празник  Денот на падот на Бастилја.

На свеченото дефиле на армијата на Франција пред Елисејските полиња покрај домаќинот францускиот претседател Емануел Макрон присуствуваа и германската канцеларка Ангела Меркел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот во заминување на Европската комисија Жан Клод Јункер, британскиот вицепремиер Дејвид Лајдингтон и други угледни гости.

На Елисејските полиња продефилираа војници од девет земји кој покрај Франција се дел од Е2Л, а на небото прелетаа, германски транспортен авион А400М, шпански Ц130 и два британски хеликоптери „Чинук“.

На парадата во центарот на Париз учествуваа околу 4300 војници, 196 возила, 237 коњи, 69 авиони и 39 хеликоптери.

Девојка од Украина е фатена како си го продава 2 – годишниот син, барала за него 23.500 евра

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна жена се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесуваат украинските медиуми.

Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. Деветнаесетгодишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата привела маж додека носел пари на договорената локација.

Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што би ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.

Детето е приведено во полиција и предадено на надлежните органи. Неговата мајка е обвинета за трговија со луѓе.

Лукаревска: Да го почекаме вториот круг, ќе бидеме фактор на стабилност за формирање нова Влада

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот, а не инаетот.

Изборите не се за нашите интереси и функции туку за доброто на државата, рече Сања Лукаревска во „Само вистина“ на Канал 5.

До кога вие ќе се правите поголеми Македонци од сите нас. Сите сме Македонци.

Сите меѓународни претставници кажаа дека ова е најдобрата преговарачка рамка и дека подобар договор не може да имаме. Ова е нашата последна шанса.

Во однос на можно коалицирање со ЗНАМ на Димитриевски: За танго се потребни двајца, да видиме после 8 мај дали делиме исти вредности.

Битиќи од Чучер Сандево: На 8 мај гласовите се бројат од нула

Потпретседателот на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа во изборна единица 2 на „Коалицијата за европска иднина“ вечерва се обрати на централниот митинг во Чучер Сандево од каде порача дека не постои разлика која е недостижна.

„На 8ми мај, се почнува од почетокот, гласовите ќе се бројат од нула. Борбата не е завршена. Секој од нас има втора шанса да се вклучи енергично, со верба во себе и во СДСМ и да го промени текот на настаните. Ова од нас го бараат нашите деца, нашата држава, ова го бараат за да им ја заштитиме иднината.“ – кажа Битиќи

Дополнувајќи дека е потребен поглед напред, кон визијата за просперитетна и сплотена Македонија, членка на ЕУ, со силен економски раст и општество во кое секој граѓанин е третиран и ценет подеднакво.

„Една работа е јасна од првиот круг на претседателските избори, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска го достигнаа својот максимум на гласови, го достигнаа плафонот. Повеќе нема што да бараат, ниту да очекуваат од граѓаните на 8ми мај. Толку можат, ништо повеќе. А тоа не е доволно за победа на претседателските избори.

Ве уверувам дека со оваа реторика која што ја има ВМРО-ДПМНЕ, со ксенофобијата на Гордана Силјановска Давкова не постојат гласови од албанскиот електорат кои тие ќе можат да ги добијат во вториот изброен круг на претседателските избори. За разлика од нив, пред нас е хоризонтот на гласови кон кој треба да се движиме на 8ми мај.“ – истакна Битиќи

Тој се осврна на фактот дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите. На Македонците, Албанците, Србите, Турците, Ромите, Бошњаците, Власите - на сите кои се борат за европска држава.

“Упатувам повик за будење на сите прогресивни сили во нашата земја. Време е за уште повеќе средби со граѓани, да работиме за поголема поддршка, да ја испратиме нашата порака до секој еден граѓанин. Не е време за повлекување, за откажување. Обединети сме и ќе застанеме заедно – нема да дозволиме никој да ни ја раздели партијата или државата. Не се откажуваме ни од иднината а ниту од прогресивноста на заедништвото!“ – истакна Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер