Дали новиот разговор на Груевски со Јанкуловска за смртта на Нешковски фрла ново светло за убиството?

Дали новата, целосна снимка од разговорот меѓу Груевски и Јанкуловска, фрла ново светло на случајот со убиството на Мартин Нешковски?

 Експремиерот во новиот стус на ФБ од Будимпешта напиша дека таа е доказ дека Заев манипулирал со јавноста и семејството кога го обвинил него и тогашната власт за обид за прикривање на убиството.

Според Груевски, најголемиот дел од разговорот при објавувањето на бомбите бил намерно изоставен.

-Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде – пишува Груевски..

Од СДСМ, пак, се децидни – и со новата, подолга бомба, се потврдува дека екс-премиерот и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, свесно се обидуваат да прикријат дека сега осудениот Игор Спасов бил член на обезбедувањето на Груевски.

Инаку, Мартин Нешковски беше брутално претепан на 6 јуни, 2011-тата, на плоштадот Македонија, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, а МВР тогаш излезе со став дека нема информации за настанот. За убиството, на 14 години затвор, беше осуден припадникот на МВР – Игор Спасов.

Се средува хаосот со непрописно паркирани возила на ул. Јуриј Гагарин“

Конечно почнува ли да се средува хаосот со непрописно паркираните возила на улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош во Скопје?

Веќе неколку дена трае акцијата на Град Скопје за отстранување на несоодветно паркираните возила.

Пајак службата на Град Скопје реагира на повик на граѓаните кои живеат во населбата Козле.

Судот констатираше застареност за гонење на Груевски во предметот „Траекторија“

Судот констатираше дека настанала апсолутна застареност за гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати. 

Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата

Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше одреден на Груевски, неодамна доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката што Груевски нема да одговара.

Инаку, денешното рочиште не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој до судот испратил и лекарска потврда.

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајка на патот Македонски Брод – Прилеп

Сообраќајката, што се случила во 16.40 часот, на местото на несреќата починал сопатникот В.Т. (71) од Прилеп, додека возачот М.Т. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување лекарска помош.

Едно лице загина, а едно е повредено во сообарќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово, откако патничко моторно возило „Опел Астра", со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (66) од Прилеп, излетало од патот.

Како што соопшти МВР, во сообраќајката, што се случила во 16.40 часот, на местото на несреќата починал сопатникот В.Т. (71) од Прилеп, додека возачот М.Т. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

притисни ентер