Продолжуваат преговорите за Венецуела

Норвешка соопшти дека венецуелската влада и опозициските претставници ќе ги продолжат мировните разговори откако двете страни не постигнаа договор на состанокот на Барбадос.

Овие разговори следеа по првиот круг преговори во средината на мај во Осло, кој исто така заврши без договор.

Социјалистичкиот претседател на Венецуела Николас Мадуро, успева да се одржи на власт и покрај протестите против неговото владеење.

Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој го води Националното собрание, се прогласи за привремен претседател во јануари и доби поддршка од големите сили, вклучувајќи ги САД и повеќе од 50 други земји.

Мицкоски не гледа потреба да присистува на лидерската средба

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не ја гледа потребата да присуствува на лидерската средба на која повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за петок во 14 часот.

-Господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се, за се и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес и потребно на Република Македонија датум кога ќе имаме предвремени праламентарни избори, рече Мицоски на прес-конференција попладнево во партиското седиште.

Средбата, според него, би била непотребен театар, бидејќи, како што наведе, „покрај оние стенд-ап настапи во Владата и покрај она себехрабрење што го кажува Заев дека секогаш е подготвен да излезе на избори, самиот тој  е соочен со сопствениот  страв од дебакл на такви избори".

Потсети дека тој бил првиот кој го повикал премиерот да сорабтуваат за датум за избори. Таа понуда траеше со денови, кој беше одговорот од власта – ја отфрли подадената рака и одговори со прогон на сегашни и актуелни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, но и со поранешни, рече Мицкоски и запраша како да имаат средба со така дијаметрално спротивни ставови.

Посочи дка работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ интензивно работата околу законот за јавното обвинителство, но ставовите и натаму се многу спротиви. Една од црвените линии била Катица Јанева, но за тоа, како што наведе, сега не се ни дискутира.

Минатата недел имало првичен состанок на работните групи и се разгорало за пописот, а истовремено подолго време работните групи разговараат и за изборниот закон.

-Моментално позициите, како што рече, се дијаметрално спротивно.

Димитров: Имаме политичка волја да помогнеме за ФЕТО, но мора да се почитува правниот систем

Турција секогаш била со Македонија кога било тоа најпотребно. 

Го ратификувавме протоколот за НАТО, а и покрај тоа што не сме дел од Европската Унија силно ве поддржуваме оваа година да ги почнете преговорите за членство. Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу кој е во дводневна посета на земјава верува во машата евроатланската иднина, но очекува  да  помогнеме  во борбата против организацијата „ФЕТО“ и „ѓуленистите“, кои пред 3 години направија неуспешен обид за воен преврат во Турција.

-Борбата против оваа терористичка организација е важна и за безбедноста на Македонија, но и за безбедноста на регионот. Тие се присутни во повеќе од 100 земји и значи дека некој ги подржува. Очекуваме чекори на овој план. Туција од секогаш е покрај Македонија Ние сме природни сојузници,а сега и официјално ќе бидеме сојузници во НАТО,изјави - Мевлут Чавушоглу – Министер за надоврешни работи на Турција.

Сепак Турција си има свои проблеми со ЕУ и НАТО. Лидерите за земјите членки на унијата во Брисел одлучија да воведат санкции против официјална аАнкара поради дупчење за пронаоѓање гас и нафта покрај брегот на Кипар, а челниците на НАТО, пред се САД, остро реагираат на купувањето на руски ракети за потребните на турската армија. Сепак, турските власти по се изгледа не се многу  загрижени  за овие состојби.

-Системот што го набавуваме не претставува закана за системот на НАТО, а вклучувајќи ги и воените авиони Ф-35, ќе биде под целосна контрола на Турција. Ќе се користи во моментот кога ќе имаме потреба од безбедносна одбрана,изјави - Мевлут Чавушоглу – Министер за надоврешни работи на Турција.

Средбата меѓу Димитров и Чавушоглу беше искористена и за договарање на деталите за најавената посета на турскиот претседател Реџеп Тапи Ердоган на земјава.

Средба Пендаровски–Жидан:Македонија и Словенија негуваат пријателски односи со конструктивна соработка и заемна поддршка

Пендаровски се заблагодарил за брзата ратификација на Протоколот за пристапување на  Македонија во НАТО во Државниот збор.

 Билатералните односи меѓу Македонија и Словенија, вклучувајќи ја и соработката на парламентарно ниво, беа главна тема на денешната средба на македонскиот претседател Стево Пендаровски и првиот човек на словенечкиот Државен збор, Дејан Жидан во Љубљана.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на македонската држава, Пендаровски и Жидан истакнаа дека двете земји во континуитет негуваат пријателски односи, без отворени прашања, со долгогодишна конструктивна соработка и заемна поддршка на билатерален и мултилатерален план.

Пендаровски се заблагодарил за брзата ратификација на Протоколот за пристапување на  Македонија во НАТО во Државниот збор и изразил очекување дека во наредниот период ќе биде завршена ратификацијата во сите држави членки на Алијансата, а со тоа земјава, многу скоро, до крајот на оваа година, да стане полноправна членка на НАТО.

Македонскиот претседател потенцирал дека во периодот што следи ќе продолжи соработката меѓу двете држави на планот на евроатлантските интеграции во рамки на Процесот „Брдо Бриони", Процесот за соработка во Југоисточна Европа и другите регионални иницијативи.

На средбата, како што се наведува во соопштението, била посочена потребата за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, за што било констатирано дека постои голем потенцијал. 

притисни ентер