Средба на министерот Димитров со новиот фински амбасадор Кимо Лахдевирта

Амбасадорот Лахдевирта изрази задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-финското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период на финското претседавање со Советот на ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Финска за Македонија со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта, посакувајќи му срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата и изразувајќи увереност дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат успешно да се развиваат и за време на неговиот мандат.

– Министерот Димитров го поздрави почетокот на финското претседавање со Советот на ЕУ и се заблагодари за досегашната континуирана поддршка од Финска за нашите евроинтегративни аспирации. Во таа насока го информираше соговорникот за демократскиот пресврт на Северна Македонија, подвлекувајќи дека нашиот успех, јасно отсликан во Извештајот на Комисијата, треба да биде потврден и зацврстен со позитивна одлука во октомври, информира МНР.

Амбасадорот Лахдевирта изрази задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-финското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период на финското претседавање со Советот на ЕУ.

– Тој ја повтори поддршката на финската Влада за продолжување на нашата реформска агенда и што поскоро заслужен напредок на патот кон реализација на стратешките цели на нашата земја, наведува МНР во соопштението./МИА

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

притисни ентер