Апел за поголема совесност до оние кои престојуваат на Стража и фрлаат отпад

Општина Маврово и Ростуше и Јавното комунално претпријатие „Маврово" упатија апел до сите оние кои престојуваат на превојот Стража да бидат повнимателни за тоа каде ќе го фрлаат отпадот што го прават.

– Апелираме до сите случајни минувачи, туристи и граѓани на нашата општина да внимаваат каде го исфрлаат отпадот од нивните автомобили со цел да се заштити животната средина, а и ние како Јавно комунално претпријатие задолжено за собирање на сметот, да не бидеме први на удар во јавните медиуми, стои во апелот.

Оваа реакција следува, како што се наведува, откако биле цел на неколку портали за тоа како имало смет на Стража и како претпријатието ништо не сме превземало за тоа.

– Сите што не следат на нашата фејсбук страница знаат дека неколкупати оваа година организиравме акции со кои целосно се исчисти сметот од населба Маврови Анови до Стража. Исто така и денеска нашите вработени излегоа да го исчистат тоа што несовесните граѓани секојдневно го исфрлаат на сите излетнички места, се наведува понатаму.

Ние,се посочува, како едно од помалите комунални претпријатија во најголемата општина по територија во нашата држава, некако успеваме да се справиме со чистење на сметот насекаде, но за почиста животна средина потребна е поголема совесност и од граѓаните./МИА

Закажана првата средба на Зеленски и Трамп

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски за прв пат ќе се состане со американскиот колега Доналд Трамп.

Претседателите ќе се состанат наредната недела за време на престојот на Зеленски во САД, соопштија денес украинските власти.

Состанокот ќе биде одржан на Годишното заседание на Генералното собрание од ОН во Њу Јорк на 23. септември.

Зеленски ќе се состане и со претседателот на украинската дијаспора во САД, шефови на еврејски организации и бизнисмени.

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон, го посети Киев кон крајот на август како би покажал поддршка од САД кон Украјна.

Пентагон кон крајот на јуни одреди воена помош за Украина од 250 милиони долари.

Анѓушев: Платите растат како резултат на растот на економијата

Вицепремиерот  Кочо Анѓушев денеска истакна дека растот на економијата е резултат на растот на индустриското производство, градежништвото, земјоделството и трговијата и дека тоа сето тоа делува и на природен раст на платите.

-Државниот завод за статистика денес објави дека бруто просечата плата во јули 2019 година во однос на истиот месец лани пораснала за 5,5 отсто, додека просечната нето плата е зголемена за 4,3 отсто, а просечната нето плата веќе изнесува над 25 илјади денари. Растот на платите не е возможен без раст на индустријата, нагласи Анѓушев одговарајќи на новинарски прашање денеска на официјализирање на компанијата „Либерти Скопје".

-Се радувам што растот на бруто домашниот производ, кој во последните квартали е особено позитивен, е базиран на работата на реалниот сектор. Сите економски параметри се компатибилни, речиси со ист процент растат платите, индустриското производство, како и приходите во буџетот и тоа е една логична целина , истакна Анѓушев./МИА

Продолжуваат распитите за случајот „Рекет”, Агапи Дика и Зоран Азманов повикани во обвинителството

Со засилено темпо во Обвинителството за организиран криминал и корупција продолжува истрагата за случајот Рекет.

Претседателката на собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13, Агапи Дика два и пол часа сведочеше пред обвинителката Вилма Русковска. Се обиде да ги избегне новирските прашања излегувајќи од спореден излез на зградата на Апелација каде што се наоѓа канцеларијата на Русковска. Запрашана околу тоа на кои околности давала исказ рече дека истрагата ќе покаже, но и кратко рече дека не знае каде завршиле парите кои бизнисмените ги уплаќале на Меѓународниот Сојуз.

Работниот ден Русковска сепак го почна со продавачка во салон за мебел каде Бојан Јовановски купувал. А последен исказ даваше бизнисменот Зоран Азманов. Потврди дека Јовановски му се заканувал со објавување на документи од СЈО и Финансиската полиција. Рекет го нарече несреќен случај во кој Боки 13 искористувајќи ја моќта на медиумот се обидел да изнуди пари.

Засега Јовановски, Зоран Милески Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се осомничени во случајот Рекет. Јанева точно еден месец е во притвор, но во притворското одделение во Шуто Оризари ќе остане и во следните 30 дена откако судот денеска и го отфрли барањето да и се определат поблаги мерки а како гаранција понуди имот, барање за кое негативно мислење даде и обвинителката Вилма Русковска.

притисни ентер