Пендаровски до Борисов во Сараево : Љубави, како си ти?

На социјалните мрежи се споделува видео на кое бугарскиот премиер Борисов на маргините на самитот во Сараево го покани македонскиот Претседател Пендаровски да остане во друштво со него и со српската Премиерка, Брнабиќ. 

 При поздравувањето со Бугарскиот премиер, македонскиот претседател Пендаровски изговори фраза која е тотално политички атипична и која предизвика бура на шеги по социјалните мрежи.
Дополнително, Пендаровски му пренеси топли поздрави на Борисов од македонскиот премиер Заев, со зборовите  „поздрав од Зоки“!
За потсетување, Пендаровски во емисијата „360 степени“ емитувана на 21 Јуни годинава, изјави дека Гоце Делчев се декларирал за Бугарин, што веднаш ги охрабри уште повеќе бугарските апетити за оспорување на нашата, македонска колективна меморија но и историски факти.
Токму таа , за многумина несреќна изјава на Пендаровски за нашиот херој Делчев, наиде на пофалби кај Бојко Борисов, Андреј Ковачев и други видни бугарски политичари

Од затвор во Парагвај избегале 75 затвореници

Најмалку 75 затвореници, повеќето од нив членови на озлогласена бразилска криминална група избегале од затвор во пограничен град во Парагвај.

Веднаш е сменет управникот на затворот.

Службени лица соопштуваат дека е откриен е тунел, кој затворениците го ископале за време на операцијата за кој се сомнева дека затворските службеници знаеле, како и дека во ќелиите биле пронајдени скоро 200 вреќи полни со земја.

„Невозможное никој ништо да не видел целото тоа време. Ова не се случило за еден ден или една ноќ“, изјавила министерката за правда Сесилија Перес, пренесе „АП“.

Перес на новинарите им рекла дека покрај управникот на затворот, отпуштени биле и уште шест затворски службеници, пренесе „Ројтерс“.

Министерот за внатрешни работи Еуклидес Акведо соопштил дека е можно тунелот да служел како мамка за да се покрие вмешаноста на затворските службеници, како и дека е можно на многу затвореници да им е дозволено да излезат од затворот преку главната капија.

Акведо рекол и дека поголем број од побегнатите затвореници биле членови на озогласена бразилска криминална организација.

Пограничната област во близина на градот Педто Хуан Кабаљеро се смета за транзитна точка за криумчарење дрога и други криминални активности.

Видео: Рекордна количина на снег во Канада

Рекордна количина на снег на истокот од Канада во регионот Њуфаундленд.

Локалните власти во петокот прогласиле вонредна состојба а денес е продолжена. Силни врнежи од снег затрупаа автомобилите и створиле високи наноси од снег по улиците.

Локалните медиуми јавуваат дека аеродромот Сент Џон е затворен заради вонредни временски услови, а министерот за природни ресурси Сеамус О Регал вели дека приоритет е чистење на улиците.

„CP24“ јавува дека за чистење на регионот се ангажирала и војската.

Корисниците на социјалните мрежи ситуацијата ја опишаа како „snowmageddon“ (снежен армагедон), а на снимките се гледа како луѓето мораат да копаат низ снегот за да искочат од своите домови.

Едно лице повредено по расправија пред локал во Тетово

Триесет и петгодишен тетовец е повреден со остар предмет од две години постар сограѓанин откако претходно имале расправија на улицата „Маршал Тито" во близина на  Градскиот пазар околу 17 часот.  

Повредениот по укажаната лекарска помош во Тетовската болница, е пренесен на скопските клиники поради сериозноста на повредите.

– Во СВР Тетово во 17:20 часот пријавено е дека А.Л (35) по расправија со А.П (37) е повреден со остар предмет и добил убодна рана на левата нога. Настанот се случил пред угостителски објект во близина на Зелениот пазар во Тетово. Лицето А. П потоа побегнал. Екипа на СВР Тетово има извршено увид и започна потргата по А.П и расветлување на мотивите за расправијата и повредувањето, информираат од СВР Тетово. /МИА

притисни ентер