Вонредна состојба на Халикдики. 7 мртви над 120 повредени

Во регионот на Халкидики е прогласена вонредна состојба, но грчките служби тешко се справуваат со последиците од невремето. 

Нема електрична енргија и вода, а според проценките потребни ќе бидат најмалку 2 дена за да се нормализира снабдувањето. Туристите и жителите велат дека нема основни услови за живеење, а температурите се околу 40 степени.

Туристите денеска масовно се евакуираат, а колона од возила има од краците па се до границата со Макеоднија. Но, пеколот што го преживеале вчера ќе го паметат цел живот.. 

Најмалку седум мртви и десетици повредени е епилогот од трагичното невреме кое го погоди грчкиот полуостров Халкидики.

 Силната бура рушела дрвја, превртувала автомобили и предизвикала голема материјална штета. Најголемиот дел од жртвите настрадале од паднати дрвја и превртени возила, меѓу нив се и мајка со нејзиното малолетно дете, кои загинале откако врз нив паднал кров од ресторан.

Грчките медиуми пренесуваат дека туристите кои биле затекнати од бурата спасот го барале по угостителските објекти, па дури и во црквите.

Македонското МНР соопшти дека меѓу настраданците нема Македонци..

Силно невреме вчера го погоди и југозападниот дел на државава.

Во Преспа десетина села беа оставени без електрична енергија, а силниот дожд и град предизвика голема материјална штета.

Најпогодени се селата Крани и Штрбово, како и граничниот премин Маркова Нога, каде ветерот половина час корнел дрвја, бандери и носел покриви од куќи.

Во Охридското крајбрежје пак, најпогоден е автокампот Љубаништа, каде во невремето се уништени голем дел од приколките и шаторите во кампот.

Почнува Европската недела за мобилност „Пешачи со нас"

Град Скопје од денеска почнува со одбележување на Европската недела на мобилност што годинава се одржува под мотото „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед".

Во текот на оваа недела ќе бидат организирани низа настани со кои Градот ќе се обиде да ги поттикне граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење јавен превоз.

Ќе се организираат работилници и трибини посветени на активностите на Град Скопје кои придонесуваат за подобра мобилност во градот, за зголемување на безбедноста во сообраќајот, за придобивките од пешачењето и возењето велосипед, за електричните тротинети и за влијанието на транспортот врз климатските промени. Со одржлива туристичка тура до Матка ќе се промовира комбинираниот превоз до рекреативните центри, а во четврток попладне, улицата „Димитрија Чуповски" ќе биде затворена за сообраќај бидејќи на коловозот ќе се организира Вело фиеста – дружење и забава за граѓаните. Традиционалното велосипедско дефиле по градските улици ќе се одржи во петок.

Партнер на Град Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар", а во организирањето учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, скопски општини, средни училишта и центри на култура на Град Скопје, GIZ, Црвниот крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонската велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други./МИА

Османи во Брисел ќе ја реафирмира подготвеноста на земјата за старт на преговорите со ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел ќе се сретне со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Средбата ќе биде искористена за да се реафирмира подготвеноста на земјава за напредок во европските интеграции во пресрет на Самитот на ЕУ во октомври.

Од Секретаријатот за европски прашања информираа дека планирани се и средби на Османи со државната секретарка за европски прашања и претставничка на Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбич и со директорката за Западен Балкан во рамки на Генералниот директорат за соседство и проширување во Европска Унија – ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на вицепремиерот Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ. По Брисел, следат посетите на Берлин и Варшава кои планирано е да се реализираат кон крајот на неделата./МИА

Отворање на нов царински терминал на Ќафасан

На граничниот премин Ќафасан денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки. 

Проектот кој е финансиран од ЕУ преку ИПА во вредност од два милиони денари започна во 2017 година.

На настанот обраќање да имаат премиерот Зоран Заев, амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија Семјуел Жбогар, министерката за финансии Нина Ангеловска и директор на Царинската управа Ѓоко Танасоски,

Со изградбата на нов увозно-извозен царински терминал од 9,500 метри квадратни, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти, од Царинската управа истакнуваат дека нашата држава обезбедува подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката на најголемиот граничен премин со Република Албанија, како и олеснување на прекуграничните постапки./МИА

притисни ентер