Фото: Најдобрите спортисти во елегантно издание

Лос Анџелес беше домаќин на најдобрите американски спортисти. 

На свечена церемонија во Ел – ЕЈ „ESPY“ ги награди најдобрите американски спортисти.

Најдобрите спортисти на црвениот тепих се прошетаа со своите поубави половини со во супер елегантно и гламурозно издание.

Меѓу наградените  беа. Легендата на светото скијање големата шампионка Линдзи Вон, Расел Вилсон и Сијара, кошаркарот Двејн Вејд со сопругата Габриел, Роб Гронковски и Камил Костек,голферот Брус Коепка и Џена Симс,НХЛ играчот Евандер Кејн со сопругата Ана,.

На грандиозната церемонија се појавија и кошаркарските легенди Бил Расел и  Коби Брајант, Дерон Пејн и Јанг Јон....

Видео: Нови видови на ајкули кои одат по дното!?

Научниците откриле нови видови на ајкули кои перките ги користат за да одат по дното.

Новите видови на ајкули се откриени во Индоавстралискиот архипелаг, научниците  велат дека тие се хранат со мали риби и безрбетници.

Според доктор Кристин Даџон ајкулите се предатори и ги користат своите перки за да одат по морското дно.

-Ајкулите се помали од еден метар и не се опасни за луѓето, изјавила Даџон.  

Научниците се воодушевени од откривањето на нови видови ајкули и истакнуваат дека тоа се должи на 12 годишна студија  спроведена од компаниите „CSIRO“ , „Conservation International“, Научниот институт во Индонезија , Министерството за поморство на Индонезија и Музејот за природна историја на Флорида.

-Генетските податоци покажуваат дека новиот вид на ајкула се развил откако ајкулите се оттргнале од својата првобитна популација, станале генетски изолирани во нови реони и се развила во нов вид. Нивните перки им обезбедуваат голема предност во однос на нивниот плен малите ракчиња и мекотели, наведува доктор Даџон.

Бројот на заразени од новиот тип на коронавриус во централна Кина се зголеми на 830

Бројот на заразени од новиот тип на Коронавриус во централна Кина се зголеми на 830, а досега умреа 25 лица, објавија утринава државните кинески медиуми.

Истовремено, кинеската провинција Хубеи, во која вирусот се појави, побара поголема финансиска помош од државните власти. Засега во 10 градови на провинцијата Хубеи не работи јавниот транспорт.

Новиот вирус и припаѓа на групата вируси кои предизвикаа САРС, болест од која пред 17 години умреа 800 лица ширум светот, а исто така почна да се шири од Кина.

Во меѓувреме, британските власти соопштија дека пациент со симптоми на Коронавирус е примен во болница во Белфаст, Северна Ирска, каде тестирањето е во тек за да се утврди дали е позитивен за вирусот.

Три лица се исто така задржани и во Глазгов и Единбург, откако пристигнале со директен лет од кинескиот град Вухан со симптоми на инфекција од Коронавирус.

Светската здравствена организација по дводневното заседавање, сепак не прогласи вонредна ситуација на меѓународно ниво, заради Коронавирусот...

Дневен хороскоп за 24. јануари 2020 година

Дневен хороскоп за петок, 24. јануари 2020 година. 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво.

Кариера

Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате.

Здравје и совет

Бидете што е можно поразумни.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете.

Кариера

Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате.

Кариера

веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот.

Здравје и совет

Штедете го грлото и гласните жици.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени.

Кариера

Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна.

Здравје и совет

Ви недостига трпение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин.

Кариера

Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци.

Здравје и совет

Редовно опуштајте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна.

Кариера

Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа.

Здравје и совет

Немате грижи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи.

Кариера

Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател.

Здравје и совет

Останете будни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности.

Кариера

Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин.

Здравје и совет

Немир и незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите.

Кариера

Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања.

Здравје и совет

Некој нема да ви се допадне .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор.

Кариера

Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден.

Здравје и совет

Легнете да спиете на време.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате.

Кариера

Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој.

Здравје и совет

И натаму сте одлично.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив.

Кариера

Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост.

Здравје и совет

Вежбајте.

притисни ентер