Фото: Таа си поигрува со машкиот мозок

Русинката ги запали социјалните мрежи со новите фотографии

Таа е студентка по психологија и очигледно сака да си поигрува со машкиот мозок. Последните фотографии се доказ за тоа. Позираше во фармерки кои повеќе откриваат отколку што покриваат

МАЛЕШЕВСКА ТАВА

РЕЦЕПТ НА:БАРКА ПИЛОВА

Потребни состојки :  200 гр. свинско месо, 150 гр. мелено месо, 150 гр. сланина, 150 гр. печурки, малку рендан кашкавал, малку магдонос, малку сол, бибер и зачин од сув зеленчук.

Постапка:

Свинското месо и сланината се сечат на коцки, а од меленото месо се формираат бомбици.

Во тава со загреано масло се пропржува свинското месо 10 – 15 минути.

Се додава сланината, бомбиците од мелено месо и се продолжува со пржењето.

Потоа се зачинува со малку сол, бибер и зачин од сув зеленчук и се додаваат сечкани печурки.

При крај се додава свеж магдонос.

Состојките се ставаат во земјена тава и одозгора се додава рендан кашкавал.

Фото: Дами на црвениот тепих

Доделувањето на престижните награди „ InStyle"на едно место ги собра некои од најубавите и најстилиризираните жени на денешнината.

Прекрасната холивудска актерка Џесика Алба покажа како изгеда една вистинска дама.

Нејзината колешка Џамила Џамил се претстави на себе своијствен начин, со длабокото деколте.

Привршува поставувањето на планинарски патокази на планината Средна

 Членови на Планинарскиот спортски клуб „Голак” од Делчево привршува со поставувањето на  планинарските патокази на планинарската патека Средна. 

Се работи за проект, кој како што информираше претседателот на ПСК „Голак”, Љупчо Чучуковски е финансиран од Општина Делчево.

-Во наредниот период ќе ги поставиме и останатите со што ќе ја комплетираме во целост патеката која претходно беше маркирана по Књефелцовата маркација како и беа поставени инфо-таблите во селата Разловци и Нов Истевник, истакна Чучуковски.

По оваа активност, како што додава, со поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се уредува туристичкиот локалитет Истевнички Кукуље.

 -За реализација на овој проект за кој имаме финансиска поддршка од Агенцијата, предвидено е изготвување потребна инфраструктура, за една ваква атракција и тоа во форма на пропратни објекти (фото-летниковци, маси, клупи, канти за отпад и др.). Исто така потребно ќе се постават инфо табли со основните податоци од локалитетот. Во иднина ќе се изработи и печатена брошура за туристичкиот локалитет со цел негова промоција, како и  ставање во програмите на туристичките субјекти како нов готов туристички производ, додава Чучуковски.

Претходно, членовите на ПСК ,,Голак” ја обележаа и мапираа првата планинарска трансверзала во Брегалничкиот регион, активности за која беше извршена контрола од страна на Симон Симоновски, претседателна комисијата за планинарски патеки при Федерација за планинарство на Р.С.Македонија, како и претставници од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, кои како што информираа од ПСК ,,Голак” констатираа дека патеката е комплетна со патокази и инфо-табли и истата беше оценета со највисоки оцени. 

притисни ентер