Форбс: Тејлор Свифт најплатената јавна личност

Светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт со заработка од 185 милиони долари е најплатената јавна личност на светот.

Според најновата листа на Форбс на 100 најплатени јавни личности од светот на музиката, спортот и забавата, „Од Холивуд до Боливуд“ пејачката Тејлор Свифт со 185 милиони долари, реалити ѕвездата Кајли Џенер со 170 и раперот и продуцент Кајне Вест со 150 милиони долари се тројцата најплатени јавни личности на Светот.

Форбс листата на најплатени јавни личности ја прави еднаш во годината, на најновата дури една третина од рангираните не се од САД.

Меѓу топ десетте најплатени јавни личности тројца се фудбалери. Ѕвездата на Барселона Лео Меси со 127 милиони долари е на 4 позиција, Кристијано Роналдо со 109 е на шестото место, а Бразилецот Нејмар со 105 милиони е десетти.

Во елитната десетка се и британскиот музичар Ед Ширан, групата Иглс, Доктор Фил и мексиканскиот спортист Канело Алвез.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е на 55 место на листата на Форбс со годишна заработка од 50, 6 милиони долари

Листата на најплатени јавни личности на основ на заработката Форбс годинава ја направи на остварениот приход од 1 јуни 2018 до 1 јуни 2019 .

Макрон на Сорбона: Постои ризик Европа да умре

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека „постои ризик Европа да умре“ и дека безбедноста, економијата и културата се клучни прашања за ЕУ, за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.

Макрон истакнал дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.

Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.

Тој исто така истакна дека ЕУ мора „да воспостави дијалог со земјите од Третиот свет и да покаже дека не е вазал на Соединетите Американски Држави“.

Тој исто така посочи дека Европа мора да стане свесна за фактот дека не е доволно вооружена пред, како што рече, глобалните закани, како што е руската војна во Украина.

Макрон истакна дека моделот на економски раст на ЕУ мора да се промени бидејќи сегашниот не е одржлив и дека ЕУ заостанува во „глобален контекст во кој се доведуваат во прашање принципите на слободната трговија“.

Тој додаде дека Брегзит е „експлозија чии негативни ефекти значат дека денес никој не треба да се осмели да предложи напуштање на Европа“.

Макрон предупреди дека европската бирократија може да биде „премногу комплицирана“ и дека неодамнешните протести на европските земјоделци и нивниот „гнев не беше против ЕУ, туку против регулативата, сложеноста“.

Макрон посочи дека ЕУ мора да ја зајакне домашната воена индустрија, да формира европска воена академија за обука на европски војници, да ги зајакне своите капацитети за сајбер безбедност, но и да ја врати прекинатата врска со Велика Британија.

„Еден од проблемите што ги имаме ние Европејците е тоа што сме поделени кога станува збор за одбранбената индустрија. Нашата поделба е слабост што ја доживеавме на суров и конкретен начин за време на војната во Украина“, рече Макрон, додавајќи дека е невозможно да изгради „европски суверенитет и автономија“ без силна воена индустрија.

Францускиот претседател предупреди дека во Европа „нашите вредности и нашата култура се во опасност“, наведувајќи дека медиумските содржини што ги гледаат децата и адолесцентите во Европа се „се повеќе американски и азиски“, според Монд.

„Овие три забелешки за безбедноста, економијата и културата ме наведуваат да кажам дека прашањето за нашиот суверенитет денес е многу поважен отколку порано“, рече Макрон.

Тој рече дека сака ЕУ да биде „светски лидер до 2030 година“ во пет стратешки сектори: вештачка интелигенција, вселена, биотехнологија, квантни информации и капацитети за обновливи извори и нуклеарна енергија.

Алија има најдолга коса на светот- ја мие еднаш неделно и ја суши 24 часа (ВИДЕО)

Алија Насирова е навикната луѓето да ги вртат главите по неа, најмногу поради нејзината неверојатно долга и раскошна коса.

Поточно, нејзината должина е 2,57 метри, поради што неодамна стана горда сопственичка на Гинисов рекорд.

Алија е родум од Украина, додека како светски рекордер беше претставена во италијанската ТВ серија „Lo Show dei Record“.

Триесет и петгодишната девојка е висока 165 сантиметри, а никогаш во животот немала „правилна“ фризура.

Таа сака нејзиниот рекорд „да ги инспирира луѓето да уживаат во убавината и да бидат природни“.

Алија живее во Словачка, каде се занимава со уметност, графички дизајн, а работи и како модел на долга коса.

Нејзина најголема инспирација се нејзината мајка и баба, кои исто така имале многу долга коса, како и хероината од бајките Златокосата, со која ја споредуваат.

Таа ја мие косата еднаш неделно, за што ѝ се потребни околу 30 минути, со дополнителни два часа за нанесување на маска и пакување.

Таа не користи фен и ја суши природно, што обично трае 24 часа!

„Ја четкам косата само кога е сува, што трае еден час. Следам едноставни правила за да ја одржувам здрава. Не ја бојадисувам и земам природни препарати“, открила таа.

Државниот правобранител бара прекин на истрагата против сопругата на шпанскиот премиер

Шпанскиот државен правобранител, назначен од кралот по препорака на владата, денеска побарал од судот во Мадрид да ја затвори истрагата за корупција против сопругата на премиерот Педро Санчез бидејќи „нема индиции за кривично дело“.

Судијата во Мадрид вчера пријавил дека отворил прелиминарна истрага за 59-годишната Бегоња Гомез. Сопругата на премиерот е пријавена кај судијата од синдикатот Манос Лимпиос (Чисти раце) врз основа на медиумските написи дека давала препораки со нејзин потпис на претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери. Со тоа, било наведено во пријавата, таа ја искористила својата положба и влијание за блиски луѓе да добијат народни пари и работа.

Организацијата Манос Лимпијас претходно соопшти дека ја засновала својата тужба врз основа на медиумски извештаи и не може да гарантира за нивната вистинитост, а шефот на организацијата, Мигел Бернад, рече дека извештаите биле проследени до судијата од „граѓанска должност“ и негираше дека акцијата била политички мотивирана.

Во 1980-тите, Бернад се натпреварувал на два европски избори како кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт.

Манос Лимпијас одлучиле да побараат од судот да отвори истрага за бизнисот на Гомез откако обвинителите не постапиле самоиницијативно, а истражниот судија ќе одлучи дали медиумските извештаи се точни или не, рече тој.

Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес, според пријавата, добила 10 милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Тој претприемач подоцна основал постдипломски курс со кој раководела Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.

Во извештајот се споменува и односот на сопругата на премиерот со туристичката компанија Globalia, која била спонзор на едукативниот центар „Africa Centre del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез. Шпанската влада со 600 милиони евра народни пари ја спаси „Ер Европа“, во сопственост на Глобалија.

Државното правобранителство испратило жалба до судот во Мадрид во која се наведува дека нема „индиции дека сторила кривично дело“, јави радио станицата Ла Секста.

Вчера Санчез ја обвини „десницата и екстремната десница“ дека користат „лажни“ информации за да го соборат политички и приватно.

Тој е на власт од летото 2018 година, а пред шест месеци формираше нова малцинска левичарска влада со поддршка на сепаратистичките партии на Баскија, Каталонија и Галиција.

Директорот на онлајн весникот El Cofidencial, кој објави информации за сопругата на Санчез, во колумна објавена вчера навечер ја обвини владата за „притисоци“ и „закани“.

Бегоња Гомез не коментирала, а Санчез рече дека ќе соработува со судството.

„Сега судијата треба да утврди дали информациите на новинарот се точни или не“, се вели во денешното соопштение на синдикатот Манос Лимпијас, откако еден ден претходно биле критикувани од Санчез и левичарската опозиција за поднесување на извештајот.

Европската комисија со години бара од Шпанија да го реформира судството за да не зависи од владата. Поддржувачите на каталонската независност исто така го обвинија Мадрид дека го користи судството за политички цели.

притисни ентер