Навршуваат 24 години од геноцидот во Сребреница

Денеска навршуваат 24 години од влегувањето на силите на босанските Срби во Сребреница.

Бошњачка енклава во источна Босна и Херцеговина која формално беше под заштита на Обединетите нации и во која потоа беше извршен геноцид врз населението.

Меѓународниот суд во Хаг во 2007 година донесе пресуда со која масакрот во сребреница се квалификува како чин на геноцид.

Во знак на сеќавање на убиените муслимански мажи и момчиња во Поточари кај Сребреница ќе се одржи комеморација.

Спиров е првиот пациент со трансплантирано вештачко срце

Вака звучи срцебиењето на 47-годишниот Горан Спиров, кој беше првиот пациент во земјава, кому минатата година во клиниката Систина му беше трансплантирано механичко срце. 

 Иако имал дилеми дали воопшто да подлегне на ваков зафат, сега е единствено благодарен за, како што вели, „кога ќе легне изутрината станува“. Горан додава дека веќе се навикнал на механичкото срце и апаратот тежок 7 килограми, иако и се шегува на своја сметка.

Горан го примивме во тешка состојба, врзан за кревет, а сега дури и вози автомобил, нагласи професор доктор Александар Николиќ, кој ја изврши операцијата. Тој напомена дека после Горан имало повеќе вакви пациенти, а според статистиките за Македонија – тоа се 20 пациенти годишно.

„Вакви пациенти има се повеќе и повеќе и се смета дека од сите пациенти кои боледуваат од срцева инсуфиенција кај на 2% има потреба од вградување на некој вид направа, или парцијално вештачко срце или целосно, а тоа за популацијата на Македонија е некаде околу 20-тина пациенти на годишно ниво“.

Доктор Николиќ апелира македонските здравствени власти да дозволат трансплантација на срце и во приватните домашни клиники, бидејќи неговиот тим бил кадровски подготвен. Горан се надева токму на трансплантација на т.н. „живо“ срце, бидејќи механичкото е со рок на траење - 6 години.

Традиционално искачување до Караниколичко езеро на 2200 метри надморска височина

Планинарскиот клуб Тетекс во недела 21 јули го организира традиционалното искачување до Караниколичко езеро на 2200 метри надморска височина. 

Сите кои сакаат да учествуваат во недела во 6:30 часот треба да бидат пред Центарот за култура во Тетово од каде се оди до селото Вешала со организиран превоз. Од Вешала на 1256 метри надморска височина започнува искачувањето кон Караниколично Езеро.

-Караниколичко Езеро (Голем Ѓољ) претставува најубавото и најживописно глацијално езеро на Шар Планина. Патеката е со вкупна должина од 14.57 километи или отрилика 4 часа пешачење во искачување и 2,5 часа во симнување, зависно од групата. Патеката спаѓа во средно тешка со искачивање од 950 мнв. По патеката има вода на повеќе места. Заради променливите временски услови, се препорачува соодветна опрема според сопствени потреби. Планирано е подолг престој на брегот на самото езеро со можност за капење, информираат од планинарскиот клуб Тетекс.

Планирано враќање кон селото Вешала е за во 16:00часот.

Директорот на НАСА, откри зошто Американците само еднаш зачекориле на Месечината!?

Тоа се е поврзано со „политичките ризици“ објаснил директорот Брајденштајн, поради што дошло и до намалување на финансиските средства.

Директорот на Американската вселенска агенција НАСА Џим Брајденштајн изјавил дека американските астронаути веќе никогаш не се вратиле на Месечината, поради тоа што од тој момент никогаш веќе немало доволно средства за таква вселенска програма.

Тоа се е поврзано со „политичките ризици“ објаснил директорот Брајденштајн, поради што дошло и до намалување на финансиските средства.

-Да ги немаше тие финансиски ризици, ние веќе сега би биле на Месечината, би биле и на Марс, нагласил директорот на НАСА.

Брајденштајн појаснил дека НАСА од 1990 до почетокот на 2000 година се обидувала да се врати на Месечината и да слета на Црвената планета, но дека двете програми побарувале долга подготовка и сериозни трошоци.

Првиот човек на НАСА воедно укажал и на тоа дека од истите причини  можеби нема да се реализира ниту планираното слетување на Марс закажано за 2024 година.

Инаку, неодамна администрацијата на претседателот Трамп наложила да се забрза реализацијата на лунарниот програм, за во следните пет години да се оствари ново слетување на човек на Месечината , наместо до 2028 година, како што претходно било планирано , пренесе Спутник.

притисни ентер