Фото: Кајли Џенер се поднови со Ролс Ројс фантом од половина милион долари!!!

Една од најпознатите светски старлети, најмладата членка на кланот Кардашијан Џенер, Кајли се поднови со нов супер луксузен автомобил.

Ролс Ројс Фантом вреден 500 000 долари е новиот модел во колекцијата на Кајли Џенер.

На своите 139 милиони следбеници на Инстаграм Кајли им се пофали со неколку фотки од новиот скап автомобил.

Ролс Ројсот Фантом е модифициран според желбите и барањата на новата сопственичка. Седиштата се преслечени со најубава црвена кожа, а на кровот има „ѕвездено небо“ направено од 1340 лед сијалици.  

21- годишната Кајли Џенер која е една од најмладите милијардерки на светот во своите гаражи има уште еден сличен екстравагантен автомобил. Кајли поседува и уште еден Ролс Ројс , Мерцедес Г класа, Ламборгини Авентодор, Ферари 458 Италија и уште неколку други скапи автомобили.

Кајли ги нарекува свои „бебиња“.  

Пристигнува Рено Каптур хибрид со автономија на струја од 50 км

Каптур хибридниот систем ќе користи бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор.

Кога пред неколку месеци од Рено ја претставија новата генерација на Каптур, најавија и хибридна верзија. Францускиот произведувач тогаш не откри конкретни технички детали за ова возило, но сега се појавија нови информации за неговиот погонски систем.

Од „Automobile Magazine“  тврдат дека овој новитет во погонот на Каптур, ќе користи комбинација од 1.0 литарски бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор со јачина од 70 коњски сили. Со комбинирана моќ од 160 коњски сили, хибридниот Каптур ќе биде мошне интересен за возење.

Уште поважно е дека, Каптур на купувачите ќе им понуди и задоволувачка автономија на струја. Се тврди дека вградената батерија во овој модел би имала автономија од 45 до 50 км. Во возењето само на електричен погон, брзината ќе биде ограничена на 135 км/ч.

Планирано е овој модел да пристигне на пазарот во 2020.

Автоувозниците го поддржаа новиот закон за данок на моторни возила

Електричните возила ќе бидат изземени од обврската за плаќање данок.

 За останатите категории на возила ќе биде подготвена посебна методологија за пресметка на данокот при увоз каде ќе се земе предвид и емисијата на јаглероден диоксид што ја испушта возилото.

Ова е предвидено со новиот закон за данок на моторни возила што го подготви Царинската управа, а кој вчера беше презентиран пред импортерите на моторни возила.

Во законот се предлага возилата за достава од типот „ван" и комби возилата кои спаѓаат во категоријата на товарни возила и се наменети за превоз на стоки да се изземат од плаќање на данок на моторни возила. Патничките комби возила за превоз на осум или девет патници, амбулантните возила, возилата за превоз на починати лица и кампер возила исто така се изземени од обврската за плаќање данок или е предвиден поврат на дел од платениот данок за моторни возила.

За останатите категории возила, како што денеска соопшти Царинската управа, е подготвена посебна методологија за пресметка на данокот при увоз при што ќе се зема предвид и емисијата на јаглерод диоксид што ја испушта возилото.

Начинот на пресметка ќе биде преточен во посебна уредба што ќе ја донесе Владата. Според новата методологија, еколошките возила кои се и технолошки понови добиваат бенефит во рамки на одданочувањето наспроти возилата со иста вредност, кои се технолошки постари и се со повисоки емисии на јаглерод диоксид.

Заради усогласување со препораките и праксата во повеќето земји на ЕУ, воведени се нови категории возила кои се предмет на даночење, мотоцикли и скутери со зафатнина над 50 кибни сантиметри, четирицикли или „АТВ", „пик-ап" возила.

На вчерашната средба, како што велат од Царинската управа, новиот Предлог-закон бил поддржан од увозниците на нови возила.

Според податоците на Царинската управа, минатата година биле увезени 37.000 возила. Од нив, 88 отсто биле стари употребувани возила, а речиси 90 проценти биле дизел возила.

Царинската управа најавува слични средби и со увозниците на стари возила и невладините организации кои делуваат во насока на заштита на животната средина.

Почнува штипската „Пастрамајлијада"

Со сечење на џиновската пастрамајлија вечерва почнува манифестацијата штипска „Пастрамајлијада". Манифестацијата вечерва во 20.30 часот официјално ќе ја отвори градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На штандовите на угостителските објекти, кои ќе бидат поставени од крстосницата Дујле до камениот мост кај населбата „8 Ноември" ќе се нуди познатиот штипски бренд – пастрамјлија. Оваа година угостителите одлучија цената да ја зголемат за 30 денари, па унифицираната цена на штандовите ќе биде 150 денари. Вечерва гостите ќе ги забавуваат групите Кентаур, Arre Brothers band, Агушеви, Нокаут и Игор Џамбазов. Додека во сабота ѕвезда на вечерта е српската пејачка Цеца, а пред неа ќе настапат Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска, во недела, пак, публиката ќе ја забувавуваат No end, Викторија Лоба, Тропико бенд и Данијела Мартиновиќ.

Градоначалникот Бочварски денеска истакна дека доколку граѓаните сакаат да се промени концептот на „Патрамајлијадата", своето мислење ќе го изнесат на јавната расправа, којашто ќе се случи по настанот. Забележува дека ќе го слушне мислењето на граѓаните, по што ќе се одлучува дали ќе има нов или ќе си остане истиот концепт.

Во градот викендов ќе се влегува од трите влезови, а полицијата и редарите на штипските јавни претпријатија ќе им помагаат на возачите каде ќе можат да паркираат./МИА

притисни ентер