Италија го затвори најголемиот европски центар за мигранти

Министерот за внатрешни работи  на Италија, Матео Салвини денеска го затвори центарот за мигранти на Сицилија, кој го опиша како најголем во Европа.

Италијанскиот министер воедно истакна дека приливот на мигранти е намален откако тој стапи на должност пред една година.

Салвини рече дека за една година бројот на мигранти во центрите е намален од 182.000 на 107.000.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, оваа година во Италија пристигнаа 3.073 мигранти, додека во истиот период минатата година тој број изнесуваше 17.000, а во 2017 година – 85.000.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Игор Јанушев, шеф на Републичкиот изборен штаб

 Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.

Како што се наведува во соопштението од партијата, Извршниот комитет го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

На состанокот членовите на ИК ги анализирале и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија" и проблемите со кои се соочуваат, како што се наведува, илјадници граѓани кои пристапија и побараа решение.

-Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која што ќе го подобри нивниот стандард и ќе ги врати вистинските вредности во Македонија, се посочува во соопштението.

Околу актуелната политичко-економска состојба, како што се наведува, „биле нотирани низа сомнителни однесувања на власта во заминување кои ќе треба да бидат истражени откако Зоран Заев ќе биде поразен и законите ќе важат подеднакво за сите".

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека секој обид да се узурпира волјата на граѓаните кои се цврсто определено да го казнат Заев, ќе повлече одговорност.

ИК констатирал и дека власта три години не направила ништо за аерозагадувањето, кое е повисоко од кога било. Скопје и други градови низ државата се на врвот на светските листи на најзагадени градови.

Од опозициската партија посочуваат дека на 12 април следат промени и оти по изборите почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ. 

Се средува хаосот со непрописно паркирани возила на ул. Јуриј Гагарин“

Конечно почнува ли да се средува хаосот со непрописно паркираните возила на улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош во Скопје?

Веќе неколку дена трае акцијата на Град Скопје за отстранување на несоодветно паркираните возила.

Пајак службата на Град Скопје реагира на повик на граѓаните кои живеат во населбата Козле.

Почнуваат јавните расправи во рамките на истрагата за отповикување на Трамп

Првата рунда на јавни расправи во рамките на истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп почнува денеска со сослушувања на три сведоци важни за истрагата, предводена од демократите во Конгресот.

Вилијам Тејлор, амбасадор на САД во Украина и Џорџ Кент, заменик државен секретар за Европа и Евроазија, треба да бидат сослушани денеска, додека претходничката на Тејлор, Мари Јовановиќ, ќе даде искази в петок.

Сите тројца веќе сведочеа зад затворени врати за време на инцијалната фаза од истрагата која започна во октомври.

– Американскиот народ ќе чуе од прва рака за злоупотребите на претседателот – изјави Адам Шиф, демократ од Калифорнија, претседавач со Комисијата за разузнавање при претставничкиот дом.

притисни ентер