Неделен хороскоп од 8. јули до 14.јули 2019 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 8.јули до недела, 14.јули 2019 година.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги.

Кариера

Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација.

Здравје и совет

Никаде не брзајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол.

Кариера

Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност.

Здравје и совет

Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат.

Кариера

Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа.

Здравје и совет

Не ги поместувајте границите по секоја цена .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение.

Кариера

Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Здравје и совет

Не ги напуштајте новите идеи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро.

Кариера

Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни.

Здравје и совет

Не го потценувајте здравиот и мирен сон.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм.

Кариера

Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта.

Здравје и совет

Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели.

Кариера

На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте.

Здравје и совет

Немојте да пиете студени напитоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни.

Кариера

Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор.

Здравје и совет

Би сакале да истражувате непознати места .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност.

Кариера

Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно.

Здравје и совет

Човек на човека е лек.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства.

Кариера

Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција.

Здравје и совет

Не заборавајте на редовниот одмор и сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете.

Кариера

Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични.

Здравје и совет

Можете да поместувате планини.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии.

Кариера

Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш.

Здравје и совет

Занимавајте се со јога и медитација.

Традиционално искачување до Караниколичко езеро на 2200 метри надморска височина

Планинарскиот клуб Тетекс во недела 21 јули го организира традиционалното искачување до Караниколичко езеро на 2200 метри надморска височина. 

Сите кои сакаат да учествуваат во недела во 6:30 часот треба да бидат пред Центарот за култура во Тетово од каде се оди до селото Вешала со организиран превоз. Од Вешала на 1256 метри надморска височина започнува искачувањето кон Караниколично Езеро.

-Караниколичко Езеро (Голем Ѓољ) претставува најубавото и најживописно глацијално езеро на Шар Планина. Патеката е со вкупна должина од 14.57 километи или отрилика 4 часа пешачење во искачување и 2,5 часа во симнување, зависно од групата. Патеката спаѓа во средно тешка со искачивање од 950 мнв. По патеката има вода на повеќе места. Заради променливите временски услови, се препорачува соодветна опрема според сопствени потреби. Планирано е подолг престој на брегот на самото езеро со можност за капење, информираат од планинарскиот клуб Тетекс.

Планирано враќање кон селото Вешала е за во 16:00часот.

Директорот на НАСА, откри зошто Американците само еднаш зачекориле на Месечината!?

Тоа се е поврзано со „политичките ризици“ објаснил директорот Брајденштајн, поради што дошло и до намалување на финансиските средства.

Директорот на Американската вселенска агенција НАСА Џим Брајденштајн изјавил дека американските астронаути веќе никогаш не се вратиле на Месечината, поради тоа што од тој момент никогаш веќе немало доволно средства за таква вселенска програма.

Тоа се е поврзано со „политичките ризици“ објаснил директорот Брајденштајн, поради што дошло и до намалување на финансиските средства.

-Да ги немаше тие финансиски ризици, ние веќе сега би биле на Месечината, би биле и на Марс, нагласил директорот на НАСА.

Брајденштајн појаснил дека НАСА од 1990 до почетокот на 2000 година се обидувала да се врати на Месечината и да слета на Црвената планета, но дека двете програми побарувале долга подготовка и сериозни трошоци.

Првиот човек на НАСА воедно укажал и на тоа дека од истите причини  можеби нема да се реализира ниту планираното слетување на Марс закажано за 2024 година.

Инаку, неодамна администрацијата на претседателот Трамп наложила да се забрза реализацијата на лунарниот програм, за во следните пет години да се оствари ново слетување на човек на Месечината , наместо до 2028 година, како што претходно било планирано , пренесе Спутник.

Ловците од Виничко пуштија 400 нови фазани во ловиштата, се најавува нов Закон за ловство

 Пред почетокот на ловната сезона на прелетен дивеч членовите на ловечкото здружение „Бел камен" од Виница пуштија 400 нови фазани во ловиштата во општината.

Птиците се набавени од сопствени средства на здружението и беа пуштени во ловните терени кај селото Драгобраште и во околината на Виница. Се работи за редовна акција чија цел е да се обнови и збогати ловниот фонд во регионот.

-Токму на Илинден почнува овогодишната сезона на прелетен дивеч, поради што пуштањето на подмладок и повозрасни фазани ќе им овозможи подобри шанси за улов на нашите членови. Исто така, се подоготвуваме и за почетокот на главната ловна сезона чиј старт традиционално е во октомври. Во моментот имаме околу 200 активни ловци, од кои поголем дел се вклучени во одржувањето на ловниот фонд на нашето подрачје, истакна Лазар Коцев, претседател на здружението „Бел камен".

Ловното здружение од Виница веќе деветта година е концесионер на две ловишта за крупен дивеч на период од дваесет години, како и на две ловишта за ситен дивеч на десет години.

На пуштањето на фазаните во Виничко присуствуваше и претседателот на Ловечката федерација на Македонија, Влатко Алексовски кој рече дека се подготвуваат нови законски одредби за ловството.

– Веќе разговаравме со надлежните во ресорното министерство и заеднички заклучивме дека се потребни итни измени на одредени решенија во законите за оружје и за ловство што се актуелни во моментот. Наша крајна цел е да се подготви целосно нов Закон за ловство,  почнуваме од понеделник и за еден и пол месец очекувам да биде донесен законот. Еден од приоритетите е укинување на електронската аукција при доделување на концесиите, затоа што се предвидува повеќе од 70 отсто од ловиштата за ситен дивеч се опфатени со аукцијата, па сметаме дека ќе настане класично разграбување на ловните терени од страна на поединци кои имаат поголема финансиска моќ. Со измените во Законот ќе овозможиме нов модел, при што предност ќе имаат старите концесионери, истакна Алексовски.

Во државата во моментот има 74 концесионери на вкупно 276 ловишта, од кои четири се државни, а едно е факултетско и кај сите е забележан брз пораст на бројот на диви свињи, поради што од Министерството за земјоделство ќе се бара да се зголеми квотата за нивен отстрел./МИА.

притисни ентер