Фото: Галичица домаќин на првото меѓународно "Рели две езера"

AKK „PRIMO RACING“ отвори нова страница во сопствената и во историјата на македонскиот автомобилизам со успешната организација на првиот рели натпревар во нашата земја по пауза од цели 40 години. 

Викендов во Охрид, односно на планината Галичица се одржа првото меѓународно "Рели две езера" како дел од шампионатот на Централно-Европската Зона, првенството на Србија и на Македонија.

Како кралица на трките, релито долги години како дисциплина го немаше во Македонија. Организацијата на еден таков настан беше и долгогодишен сон и предизвик за екипата на Primo Racing. Користејќи ги огромното искуство во организацијата на голем број на ридски и кружни натпревари и по долготрајни подготовки, оваа година, конечно тој сон ни се оствари потпомогнати од општините Охрид и Ресен и Агенцијата за спорт и млади.

Сервисот и целокупното рели беше стационирано на градскиот кеј во Охрид, додека релито се водеше на стариот пат за Отешево преку Галичица. Вкупната должина изнесуваше 215 км од кои 65 км беа компетитивни поделени во 4 брзински испити.

Целата организација ги надмина сите наши досегашни постигнувања и ангажмани пред се поради огромниот простор кој требаше да се покрие со комуникација и обучен персонал. За среќа, се мина во најдобар ред, испитот е положен и веќе отсега можеме да најавиме дека за догодина имаме искуство повеќе и многу поголем мотив за поголем број на учесници и далеку поголема конкуренција.

На крајот генералниот пласман изгледаше вака:

1. А. Дучиќ/В. Зариќ (Peugeot 208 R2) 33:38

2. Г. Рабасовиќ/М. Јањиќ (Citroen C2 R2) 33:49

3. Ж. Милутиновиќ/У. Лучиќ (Renault Clio Ragnotti) 33:56

Од македонските претставници, во класата А, најдобар беше екипажот Христаки Давитковски/Боби Јовановски со Honda CRX, а во класата N, најдобри беа Владимир Димушевски/Бранко Гушиќ со Hundai I20 .

На релито на Галичица учествуваа 13 екипажи.

Германците се противат на казнените царини за кинеските електрични автомобили

Германските производители на автомобили се противат на можните европски казнени царини за увоз на електрични автомобили од Кина.

Германското здружение на автомобилската индустрија (ВДА) повика на подготвеност да се вклучат во дијалог од двете страни со цел да се избегне оштетување на развојот на секторот.

„Мерките против субвенционирање, како што се дополнителните тарифи, нема да ги решат предизвиците за европската и германската автомобилска индустрија. Напротив, целта на компензаторните давачки предвидени од Европската комисија брзо може да има негативен ефект“, изјави претседателката на VDA, Хилдегард Милер за неделното издание на весникот Ди Велт.

Според неа, трговскиот конфликт би ја загрозил и трансформацијата кон електромобилност и дигитализација.

Од минатата есен, Европската комисија истражува дали електричните автомобили во Кина имаат нелегални субвенции. Според Комисијата, кинеските електрични возила обично се околу 20 отсто поевтини од моделите произведени во ЕУ, пишува Seebiz.

Истрагата против субвенционирање сега може да доведе до наметнување казнени тарифи. Прелиминарниот оглас на комисијата е планиран за 5 јуни.

Според Центарот за истражување на автомобили со седиште во Дуизбург, германските производители на автомобили продаваат 30%-40% од своето производство на кинескиот пазар.

Во случај на европски казнени царини, тие производители би можеле да бидат првата цел на можните кинески контрамерки.

Ким Кардашијан позира во минијатурно бикини, фановите воодушевени од колекцијата (ФОТО)

Летото се ближи и Ким Кардашијан покажува сѐ повеќе кожа на задоволство на сите нејзини следбеници.

Имено, ријалити ѕвездата сподели серија одлични нови фотографии од нејзината претстојна колекција на костими за капење, нејзиниот бренд Skims. Костимите за капење доаѓаат во различни дизајни со змиски принт, а има и модели во светли бои.

Оваа атрактивна 43-годишна девојка позира во дводелен костим за капење со змиски дезен и црвен топ со долги ракави.

Таа исто така носеше светло-црвени бикини, ги стисна усните и ја пушти влажната коса да ѝ падне на лицето во споменатата фотосесија за костими за капење. Некои од другите парчиња од колекцијата, кои ќе бидат достапни за купување од 17 април, вклучуваат фустан со змиски принт и црн топ на бикини без прерамки.

Британскиот фотограф Ник Најт е избран да ја сними новата колекција Skims во стил кој потсетува на „неговите класични и авангардни модни кампањи од 2000-тите“, се вели во соопштението на брендот.

Популарната ријалити ѕвезда и мајка на четири деца претходно соработуваше со Најт, кога се појави на насловната страница на L'Officiel Hommes во 2013 година со нејзиното тогашно момче Канје Вест и на насловната страница на магазинот V во 2012 година.

Како и обично, нејзините следбеници не можеа да ја дочекаат новата објава, а овие фотографии беа споредувани со модна фотографија од 2000-тите поради позирањето, боите, осветлувањето и облеката, а нејзината сестра Клои ја повика да се „смири“ и ја пофали како изгледа.

Минатата недела Ким и нејзината сестра Клое летуваа на островите Туркс и Каикос каде привлекоа внимание со своите секси фигури во костими за капење.

Биле видени како лежат на сонце, без шминка, а Ким дури носеше црна каубојска капа додека лежеше на белиот песок.

На тропскиот одмор ѝ се придружија и сестрите Кајли Џенер и Кортни Кардашијан, како и десетте деца на славната четворка, за време на кој го прославија шестиот роденден на ќерката на Клои, Тру Томпсон.

Си Џинпинг предложи четири принципи за да се реши состојбата во Украина

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека предложил четири принципи за да се спречи украинската криза да излезе од контрола и да се врати мирот што е можно поскоро, пренесе Ксинхуа.

„Прво, приоритет треба да биде поддршката на мирот и стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од натамошно влошување Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување“, рече Си.

Си се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц во Пекинг, каде двајцата лидери разменија мислења за кризата во Украина.

Кинескиот претседател нагласи дека, според сегашната ситуација, за да се спречи ширењето на конфликтот, сите страни треба да работат заедно за да се врати мирот што е можно поскоро.

Во овој контекст, тој предложи четири принципи, се додава.

притисни ентер