Apple загуби милијарди со заминувањето на главниот дизајнер

Најмалку 9 милијарди долари загуби Apple со заминуувањето на Џони Ајв , еден од клучните фигури на компанијата.

Вредноста на загубата е позната од четвртокот , откако тој најави дека заминува. Веднаш на берзата паднаа акциите на Apple , со што компанијата загуби најмалку 9 милијарди долари. Акциите паднаа за повеќе од еден процент , откако главниот дизајнер на Apple најави дека заминува за да основа сопствен бизнис.

,,По речиси триесет години и безброј проекти , најмногу сум горд на трајната трага што ја оставивме зад себе , создавајќи дизајнерски тим на Apple , процес и култура кој нема конкуренција.” , изјави Ајв.

Тој стана шеф на дизајнерското студио на компанијата во 1996 , кога Apple беше во лоша финансиска состојба и делеше откази.

Но со неговиот дизајн на iMac во 1998 , потоа на iPod во 2001 и во 2007 со iPhone , состојбата тргна на многу подобро.

Меѓу последните проекти на Ајв е довршувањето на новото седиште на Apple, ултра модерниот комплекс Apple Park.

Ајв реши да формира сопствена компанија LoveFrom со седиште во Калифорнија , а според мнедиумит е, ќе се фокусира на нови мобилни уреди.

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

Гласањето за претседател во затворот Идризово се одвива без проблеми

Во затворот Идризово гласањето за претседателските избори денеска се одвива без проблеми, иформираат за МИА од Избирачкиот одбор. 

-Подготвките за гласањето завршија одлично. Гласањето започна во 7 часот и се одвива без проблеми. Во Избирачкиот список за ова гласачко место број 2536 се запишани 887 избирачи, а до пладне на гласање излегоа 235, изјави за МИА членот на Избирачкиот одбор Тони Трајковски.

Согласно Избирачкиот список денеска треба да гласаат 2.147 лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор.

За претседателските избори денеска гласаат и болните и изнемоштените и лицата во старските домови.

Членови на Избирачките одбори ги посетуваат во нивните домови за да гласаат и 6.935 болни и изнемоштени лица, чии пријави беа прифатени.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување, како и двајца избирачи со статус на внатрешно раселени лица, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

Украина ги укина конзуларните услуги за воено способните машки државјани во странство

Украина ги укина конзуларните услуги на воено способните Украинци кои живеат во странство, освен за оние кои треба да се вратат во Украина.

Британските медиуми пренесуваат дека украинското Министерство за надворешни работи се уште не ја коментирало мерката, која се чини дека има за цел да го зголеми бројот на регрути за војната против Русија.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека украинската Влада наскоро ќе издаде објаснување во врска со конзуларните услуги за воено способните мажи во странство.

„Престојот во странство не го ослободува граѓанинот од обврските кон татковината“, истакна Кулеба во објава на Х.

Кулеба додава дека заштитата на правата и интересите на украинските граѓани во странство отсекогаш била и останува приоритет на Министерството за надворешни работи, но дека сега сто тоа изгледа како воено способното лице кое заминало во странство на својата земја и покажува дека прашањето за опстанок не го загрижува, а потоа доаѓа и сака да добива услуги од државата.

„Ако тие луѓе мислат дека некој таму, далеку на фронтот, ќе се бори и ќе го дава својот живот за оваа земја, а некој ќе седи во странство, а истовремено ќе добива услуги од оваа земја, тогаш тоа не функционира така," додаде Кулеба. /МИА

притисни ентер