СВИНСКО ФИЛЕ СО ПЕЧУРКИ

 Рецепт на  КРИСТИЈАН ФЕСКОВ

         Потребни состојки: 200 гр. свинско филе, 200 гр.печурки, ½ главица кромид, 1 чешне лук, малку маслиново масло, малку путер, малку бело вино, малку фонт од зеленчук, неколку  суви смокви, сол и бибер по вкус.

Постапка:

Месото се сече на парчиња и се зачинува со сол.

Парчињата месо се печат од едната страна и се зачинуваат со малку бибер.

Потоа се печат од другата страна и се оставаат да отстојат премачкани со путер.

За тоа време се подготвува сосот.

Печурките и кромидот ситно се сечкаат и се пропржуваат во тава со загреано маслиново масло.

По неколку минути состојките се зачинуваат со сол и бибер  и се додава лукче и малку путер.

Се додава малку бело вино и откако ќе испари, се додава фонт од зеленчук.

Месото се прелева со сосот и се декорира со неколку суви смокви.

Песна и видео спот „На Скопје со љубов"

 Во чест на празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, Детскиот културен центар „Карпош" и Детскиот градски хор „Гласот на децата на Скопје" при оваа институција снимија песна и видео спот посветени на Скопје.

Песната „На Скопје со љубов" ја исполнуваат Лидија Кочовска и Детскиот градски хор „Гласот на децата на Скопје". Музиката и аранжманот се на Борислав Боби Јоргушески, а текстот на Викторија Маџаревка.

Традиционално и оваа година, Детскиот културен центар „Карпош" во чест на Град Скопје ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2019", која е посветена на децата од предучилишните установи.

Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.

Манифестацијата „Го градам мојот град 2019" ќе се одржи денеска, од 10 до 11 часот во просториите на Детскиот културен центар „Карпош". Секоја градинка ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе го осмислат или одберат да се гради е по нивен избор. Градежниот материјал што ќе го користат децата за макетите е исто така по нивен избор и може да користат се што сакаат – коцки, цртежи, природни материјали, како лисја, дрвца, камчиња, се што нуди природата.  За градинките учесници на оваа манифестација предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка. /МИА.

Дневен хороскоп за 13. ноември 2019 година

Дневен хороскоп за среда, 13. ноември 2019 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Додека вие сонувате за нежност и внимание, партнерот ве изненадува со откачен предлог што ви носи немир.

Кариера

Ќе има минливи проблеми во усогласувањето на мислењата меѓу вас и вашите деловни партнери.

Здравје и совет

Треба да бидете трпеливи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Попустливост во комбинација со зголемена самодоверба , ќе биде доказ дека вашите лични односи добро се развиваат.

Кариера

Ќе ги игнорирате неважните работи и ќе си дозволите малку поопуштено темпо на работење. Но , тоа ќе потрае само денеска.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се чувствувате многу сигурнио во своите лични односи. Они кои уште се сами ќе соберат храброст за да направат нешто во освојувањата.

Кариера

Продолжувате да работите посветено и темелно. Упорни сте , а резултатите се веќе видливи. Тоа ве радува.

Здравје и совет

Ќе бидете среќни и мирни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Поврзаноста со друштвото и пријателите денеска ќе ви биде поважн аотколку врската со саканата личност.

Кариера

Со помош на други , може да тргнете во деловно претприемништво. Сами малку ќе може да направите.

Здравје и совет

Пребројте ги калориите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со хумор ќе ги победувате емотивните фрустрации , што денеска ќе бидат засилени во однос на претходните денови. Издржете.

Кариера

Ќе ги игнорирате барањата на своите претпоставени и ќе работите по свое. само делумно сте во право.

Здравје и совет

Заморот ве стигнува.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата позитивна љубовна страна продолжува преку пријатни разговори и засилено движење меѓу луѓе.

Кариера

Денеска ќе ви биде интересно на работното место. Освежувањето ќе го донесат новите соработници , со кои ќе комуницирате.

Здравје и совет

Ќе бидете добро расположени.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе посакате да внесете предизвик вовашата врска, па ќе се обидете малку да ја испровоцирате саканата личност, секако со добри намери.

Кариера

Доколку ви приговараат дека не сте ја завршиле добро работата , не го земајте тоа при срце. Видете што може да се поправи.

Здравје и совет

Мала емотивна напнатост.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата љубезност ќе изгледа како да е лажна , зашто зад неа криете интерес за да завладеете се саканата личност.

Кариера

Новите работи што се појавуваат на работното место ќе ги вознемират оние ки ви работеле зад грб или во тајност.

Здравје и совет

Ќе се насмеете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Компромиси во односите ќе најдете со помош на вашите пријатели. Тие ќе знаат да видадат совет и насока.

Кариера

И натаму одите кон подобро , но вложувате се повеќе напор.Служете се со знаење , хумор и шеги за да си олесните.

Здравје и совет

Треба убаво да се наспиете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете конструктивни во своите дискусии со партнерот , што на крај ќе резултира со вашите хумористични заклучоци.

Кариера

Многумина ќе се трудат за да се изразат на вистински начин или она што долго сте го подготвувале ќе излезе на виделина.

Здравје и совет

Ќе успеете во своите намери.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе имате шанса за да ја докажете својата смисла за практичност во секојдневниот живот.

Кариера

Ќе бидете задоволни од напредокот на работите. Денеска средувате некои ситни работи и тоа не ви оди лошо.

Здравје и совет

Мали дигестивни проблеми.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Додека саканата личност ќе ве поттикнува на отвореност , дури и преку провокации , вие ќе имате потреба за да се повлечете.

Кариера

Одлично ќе ви одат сите работи за кои треба да ја активирате интуицијата или уметничките способности.

Здравје и совет

Читајте меѓу редови.

Избрани петте естетски најуспешни автомобили на деценијата

Кога станува збор за естетиката , не може да се донесе прецизна оценка , се додека не се употреби и науката.

Токму тоа го направи британскиот Carwow , кој одлучи да го примени златното правило за естетика врз автомобилите. Математички базираниот структурен термин се користи во уметноста со векови, и едноставно кажано, тоа е начин да се одреди естетска вредност со делител од приближно 1,6 што е златниот број на убавина.

Доколку се примени овој закон, во кој помалиот дел кон  поголемиот се однесува како поголемиот према целината, се добива неочекувана листа. Најубавиот автомобил во изминатата деценија е малиот Смарт, бидејќи златното правило за убавина го исполни со 98,83%.

Во топ 5 се рангирани и  Volkswagen Up! (98,62%), Opel Mokka (98,57%), Тоyota Corolla (98,56%) и Nisan Micra (98,55%). Ако се прашувате каде се супер автомобилите на Lamborghini, знајте дека се на дното, некаде околу 500-тo место . Најгрдиот автомобил на ова тестирање е Ford Fiesta ST на 626.  место со само 34,31% поклопување со  древното правило за убавина .

притисни ентер