Иванка Василевска и Мирче Адамчевски во „Само вистина“

Вечерва гости во „Само вистина“ беа Иванка Василевска и Мирче Адамчевски.

Во врска со владината „чистка“, нема втора шанса за прв впечаток, а првиот впечаток кој владата на Заев го покажа овие две години е апсолутно негативен, смета Василевска.
Реконструкцијата не најави ништо значајно и спектакуларно, еве не знам ни дали е добра смената на министерот за финансии Тевдовски бидејќи никој не ја знае причината за тоа, вели Адамчевски.

Договорот со Бугарија беше 90% спакуван од ВМРО-ДПМНЕ но се судривме со националните интереси и не се дозволија никакви отстапки, а за договорот со Грција пречеше содржината на текстот, објаснува Василевска.
Празни се зборовите дека Бугарија може да ни стави вето за во ЕУ, ќе си ја свиткаат опашката и ќе направат така како што ќе им каже САД, дециден е Адамчевски.

Во ситуацијата во која што е не би излегла сега власта да преземе ризик и да излезе на предвремени парламентарни избори на кои сигурно би била поразена, вели Василевска.
Чисти шпекулации беа најавите дека реконструкцијата е некаков предвесник за предвремени избори, ќе се оди директно на редовни, заклучува Адамчевски.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Николоски: Како носител на ИЕ4 за мене најдрага е победата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Почитувани претставници на медиумите денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи. 

Продолжуваме тука од Струмица каде што планираме големи проекти по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма Платформа 1198 каде што нудиме решенија за најкрупните проблеми на граѓаните, пред се во делот на владеење на правото и воспоставување на функционален систем на владеење на правото и правна држава. Понатаму економскиот развој, решенија за состојбите во образованието и во здравството, поддршка за пензионерите, но и за најмладите преку проектот „Купи куќа“ и бројни други проекти кои што ги имаме во Платформата 1198.

За нас е огромна привилегија поддршката која што ја добивме вчера, сметаме дека резултатот кој што вчера го постигна Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ е обврска во следните две недели уште поинтензивно да се среќаваме со сите кои што сакаат да се сретнат со нас, да го објасниме нашиот концепт и визија и да ја побараме поддршката.

Очекувам на 8 мај да има убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе овозможат стабилна влада која што нема да биде уценува од никого и кој што ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ, но и политичката партија ДУИ.

Особено сум среќен како носител во ИЕ 4 што имаме победа во Струмица, тоа мислам дека е голем сигнал не само за Струмица, не само за струмичката околија туку за цела Македонија. Победата за Струмица за мене е најдрага од сите победи вчера, сакам да се заблагодарам на тимот позади мене, во следните две недели ќе работиме уште поинтензивно за да имаме уште поубедлива победа и Струмица конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е економски развој и воведување на функционална правна држава каде што ќе има јасно владеење на правото, а не она што се случуваше во годините наназад, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

Вучиќ од Њујорк: Остана уште многу работа, наше е да се бориме (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја продолжи посетата на Њујорк.

Оттаму се обрати до јавноста и зборуваше за борбата за националните интереси на Србија, пренесе Телеграф.

- Ни ја најдоа најтешката можна тема. Да беше околу Косово, ќе беше многу полесно. Но, големите сили... Сепак, не сме толку мали колку што мислиме за себе – рече на почетокот претседателот.

- Се повеќе се трудат да уценуваат, или подобро да користат фин збор, да ги убедат сите други да гласаат за резолуцијата за да останат во добри односи со најголемите сили. Останува уште многу работа, наше е да се бориме - истакна Вучиќ.

- Рекоа дека никој не е осуден за злосторства врз Албанци. Лага по лага... - рече Вучиќ.

Тој рече и дека вечерва имале средба со пет европски земји кои мислиме дека се пријателски.

- Продолживме и утрово. Штом се вратиме во Белград, ќе направам план или како ќе се вратам или како ќе постапиме од Белград – рече тој.

- Утрово имавме неколку билатерални средби. Ѓуриќ ќе остане до 2 мај. Ќе видам дали ќе му се придружам – изјави тој.

- Секогаш кога одбивате да прифатите нечија уцена, вие сте фактор на дестабилизација. Секогаш кога сте подготвени да ги заштитите интересите на народот, вие сте негов проблем. Им станав, затоа што не им дозволувам да ја газат Србија и да ги газат Србите – истакнува тој.

Гугл вложува 600 милиони евра за изградба на четврти центар за податоци во Холандија

Американската технолошка корпорација Гугл ќе инвестира 600 милиони евра во изградба на центар за податоци во индустрискиот имот Вестпорт во близина на холандскиот град Гронинген.

Како што пренесува NL Times, ова ќе биде четврти центар за податоци на Google во Холандија.

Компанијата информираше дека досега има инвестирано околу 3,8 милијарди евра во Холандија и додаде дека новиот центар за податоци е неопходен за да се задоволи зголемената побарувачка за вештачка интелигенција и клауд услуги.

- Организациите и владите во Холандија се повеќе се движат кон клауд. Употребата на cloud computing е речиси двојно зголемена во Холандија во последните пет години. Google инвестира во дигитална инфраструктура поради зголемувањето на побарувачката - се вели во соопштението на американската корпорација.

Центрите за податоци користат многу електрична енергија, а Google на почетокот на оваа година објави дека ќе се напојуваат со енергија од ветер од ветерните електрани на Северното Море.

Гугл има и центри за податоци во Данска, Финска и Белгија, додека главната европска канцеларија на компанијата се наоѓа во Ирска.

притисни ентер