Германија покренаа обвинение против неонацистичка терористичка група

Главното државно обвинителство во Карлсруе денеска потврди покренување на обвинение против осуммина припадници на десничарската терористичка организација ,,Револуција Хемниц” .

Tие се обвинети за обид за урривањер на уставниот поредок на Германија. Конкретно , осуммината се обвинети сдека среде немирите во источногерманскиот град Хемниц , каде демонстрираа илјадници против мигрантите , кои убија маж на прослава, тие повикувале на воспоставување нов поредок во Германија.

Обвинетите повикувале преку комуникациската група Телеграм на формирање нов поредок со крајно десничарска идеологија. Од почетокот на октомври обвинетите се во притвор , а мнеѓу нив се лидерите на крајно десничарската групација од овој град.

До сега истрагата не утврди како и зошто беше убиен Германецот , кој наводно минатата година на прослава на денот на градот бил избоден со нож од страна на група мигранти од Ирак и Сирија.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер