Почна 40.Скопско културно лето

Вчеравечер  со  Гала оперски концерт на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, беше отворено 40. издание на  фестивалот Скопско лето,

Традиционално Скопско лето почнува на првиот ден од летото 21 јуни - Светскиот ден на музиката.

На свеченото отворање на овој фестивал, присуствуваше и градоначалникот Шилегов, кој се обрати пред присутните.

- Овој фестивал, кој повеќето од нас го сметаме за обележје на градот, веќе 40 години ги задоволува вкусовите на сите оние коишто останале во топлото Скопје.Организаторите на фестивалот и годинава во текот на 40 најтопли денови ќе се потрудат со богата програма којашто ќе содржи концерти, претстави, ликовни изложби, мултимедијални проекти, филмска програма, традиционалното кафе кино, како и програма и за најмладите, да ја задоволат естетските вкусови на сите генерации – истакна Шилегов.

Тој додаде дека фестивалот преку избор на различни и необични локации како што се Матка, Марков манастир, Водно, Старата скопска чаршија, Калето, Кејот на Вардар, Градски парк, плоштадите низ градот, старите маала, како и на веќе познатите простори за уметничка интерпретација ја вади уметноста надвор од стандардните простори и ја прави подостапна за сите граѓани и трагачи по културниот туризам.

- И годинава централното градско подрачје и други локации низ градот и во околината во вечерните часови ќе се претвораат во летни сцени на културата, а јас се надевам дека програмата којашто ја нудиме ќе ве привлече да дојдете и да уживате во палетата културни збиднувања- рече Шилегов на отворањето на фестивалот.

Новата Мис на Буенос Аирес има 60 години, цел свет зборува за неа (ВИДЕО)

Алехандра Мариса Родригез, адвокатка и новинарка, неодамна ја освои титулата Мис Буенос Аирес и се квалификуваше за изборот за Мис на Аргентина.

Можеби веста не ви е премногу интересна, но кога ќе слушнете колку години има - сигурни сме дека ќе се шокирате.

На крајот на 2023 година, изборот за Мис Универзум ја укина старосната граница, која се применуваше од 1958 година. Поради оваа причина, изборот повеќе не е ограничен на натпреварувачки на возраст од 18 до 28 години.

Потребно е само тие да се полнолетни, што отвори надеж и за Алехандра.

Причината? Многу едноставно - жителката на Буенос Аирес има 60 години, а на неодамнешното натпреварување победи многу помлади девојки.

„Многу сум возбудена и почестена што ја освоив титулата. Сакам да им покажам на сите жени дека убавината не е поврзана со годините и дека можеме да ги скршиме бариерите“, рече таа.

Нејзиниот младешки изглед предизвика бурни реакции на интернет, а многумина беа шокирани од фактот дека таа може да биде нивна баба!

Следниот натпревар за Мис Аргентина се одржува на 25 мај, а се верува дека таа има шанса да победи, пренесува Oddity Central.

Зборувајќи за својот изглед и за тоа како успева да изгледа младешки, Алехандра открива дека вежба три пати неделно, повремено пости и се труди да се храни здраво. Исто така, користете добри креми за кожа.

Алехандра е разведена и живее сама, а се пошегува дека „нејзиниот статус“ можеби придонел за нејзиниот успех на неодамнешното натпреварување.

„Мислам дека судиите ја видоа мојата самодоверба и страст да ги претставувам жените од мојата генерација. Убавината нема рок на траење, за да бидеш убава само треба да веруваш во себе и да бидеш автентична“.

Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот

Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. 

Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража.

Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.

Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.

Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Да му помогнеме на малиот Војдан, кој треба да оди на рехабилитација во Загреб

Малиот Војдан, заради рехабилитација од церебрална парализа, на 06 мај треба повторно да патува во Загреб, каде што одат секој месец. 

Фондот за здравство ги одбил, бидејќи не се работело за операција. Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука

Контактите од Марија Спасовска, мајката на Војдан се:

[email protected]

072221907

притисни ентер