Стивнува епидемијата на морбили

„Пожарот“ во Скопје со епидемијата на морбили постепно се намалува, во моментов критично е во Струга, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Штип и Велес. 

За една недела заболени се вкупно 50 луѓе со морбили 32 во Скопје. За епидемиолозите, се уште не се гледа крајот на епидемијата од морбили, но Скопје местото од каде што се појавија морбилите во моментов се позитивен пример доколку се следат препораките за вакцинација.

Од старот на епидемијата вкупно се заболени 1814 луше. Во категоријата на инфицирани се деца од една до четири години и возрасни над 30 кои биле вакцинирани нецелосно.

Владата донсесе одулка да не се запишуваат во училиште невакцинирани деца со цел да стивне бројот на болни. Компликациите од морбили земаа четири човечки животи.

Ердоган: Турција веќе нема интензивни трговски односи со Израел

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, на заедничката прес-конференција со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмајер, истакна дека Анкара сега нема интензивни трговски односи со Израел.

- Повеќе не одржуваме интензивни трговски односи со Израел, тоа е готово. Мојот министер за надворешни работи тоа неодамна го соопшти, посочи Ердоган.

Тој додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја загрозува безбедноста на целиот регион, вклучувајќи ги и неговите граѓани, само за да го продолжи својот политички опстанок“.

Не треба да дозволиме напорите на израелската администрација да ги отстрани од дневен ред злосторствата против човештвото и масакрите што ги извршија во Газа. Ќе продолжиме со зголемените напори да обезбедиме прекин на огнот и непречена испорака на хуманитарна помош за палестинскиот народ во Газа, посочи Ердоган.

Тој побара поголема поддршка и солидарност од германските власти во борбата против тероризмот.

Ердоган говорејќи за трговските односи помеѓу Турција и Германија наведе дека обемот на трговската размена сега изнесува 50 милијарди долари.

- Се надеваме дека Турција и Германија од сега ќе разговараат за проекти за заедничко производство, а не за препреки, особено во областа на одбраната. Сакаме да ги отстраниме од дневен ред ограничувањата со кои се соочуваме во одбранбената индустрија, истакна Ердоган.

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во Мадрид изјави дека ќе игра на претстојниот Ролан Гарос само доколку почувствува дека е доволно подготвен за да се натпреварува, пренесе Би-би-си.

Надал лани не играше на Ролан Гарос поради повреда. Шпанскиот тенисер оваа недела ќе игра на Мастерсот во Мадрид.

-Да бев во Париз денес, немаше да излезам да играм. Мислам дека не би можел да играм 100 проценти, но важно е да можам да играм последен пат во Мадрид. Многу ми значи да играм на овој турнир каде имав добри моменти, рече Надал на прес-конференција во Мадрид.

Силјановска Давкова: Горда сум на вас, на граѓаните и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Почна прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ , чиј кандидат Гордана Силјановска е во убедливо водство на претседателските избори.

„Ве уверувам дека ќе се обидам секој ден да докажам и да покажам дека сум таму не за својата политичка кариера, туку за Македонија. Ќе докажувам дека Македонија мора да биде слична на европските држави и да биде посакувано место за политички и за било каков натпревар. Македонија да биде твоја, да биде наша, зашто токму напуштањето на човечките ресурси нѐ остава да стоиме во место.“ , рече Силјановска Давкова.

притисни ентер