НАСА објави колку ќе чини патувањето во вселената!

Љубителите на космосот веднаш нека започнат со штедење. НАСА објави дека Меѓународната вселенска станица (ИСС) ќе биде отворена за обични граѓани  по цена од 50 милиони долари.

Со новата политика со која на ИСС и се дозволени комерцијални летови, на приватните астронаути ќе им биде дозволено летање до Меѓународната станица , најрано од 2020 година, објави НАСА.

Мисиите на приватните астронаути би траеле најдолго до 30 дена и нивните должности би биле во склад со неодамна одобрената политика на комерцијални и маркетиншки активности во врска со ИСС.

НАСА предвидува по две приватни мисии годишно по цена од 50 милиони долари по астронаут. Секако и за приватните астронаути ќе важат правилата за строги медицински стандарди и правила за обуки на НАСА.

За превозот на приватните астронаути до Меѓународната вселенска станица ќе се грижат две американски компании кои развиваат капсули за транспоирт на луѓе , компаниите „ SpaceX“ и „ Boeing“.

ИСС инаку е плод на соработка на пет вселенски агенции кои преставуваат 15 држави , станицата се градела десет години во повеќе од 30 вселенски мисии.

Вселенската станица сега е голема колку едно фудбалско игралиште и кружи на височина од 400 километри над Земјата.

Екипажите од три до шест астронаути се менуваат периодично.

Досега во станицата престојувале астронаути од САД, Русија, Канада, Јапонија и Европа.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

 Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

Јакимовски: Османи ни пропагира политика на жирафа

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски за неговиот против кандидат Бујар Османи вели дека тој во кампањата пропагира политика на жирафа.

-Не можам да го слушнам Бујар Османи во кампањата да каже нешто за животот во Македонија и за подобрување на животот на граѓаните во Македонија, туку ни пропагира политика на жирафа: Жирафата млекото да дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, истакна Јакимовски.

притисни ентер