Борис Џонсон на чекор поблиску до премиерската позиција

Во третиот круг на изборите во Конзервативната партија , Џонсон доби најголема поддршка од пратениците.

Борис Џонсон денеска ја зацврсти водечката позиција за фаворит во трката за партиски лидер и премиер на Британија на местото на Тереза Меј. Поранешниот министер за надворешни работи во кабинетот на Меј и поранешен градоначалник на Лондон, доби 143 од 313 гласови на пратениците од конзервативната партија во Долниот дом на Парламентот.

Актуелниот министер за надворешни работи , Џереми хант освои 54 гласа, а министерот за живтотна асредина Мајкл Гоув е трет со 51 глас. на четврто место е министертот за внатрешни работи , Саџид Џавид со 38 гласа , а министерот за меѓународен развој Рори Стјуарт освои само 27 гласа и е елиминиран од трката за премиераската позиција.

Утре ќе се гласа уште два пати за да останат само двајца кандидати. Потоа ќе се организираат избори , на кои ќе може да гласаат сите членови на Конзервативната партија , кои ги има околу 120 илјади , така што до крајот на јули ќе се знае кој ќе биде новиот британски премиер. До тогаш во Даунинг стрит 10 останува Тереза Меј.

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер