Пеколно жешко во Кувајт и во Пакистан- измерени историски рекордни температури

Со измерени 53,9 степени градот Митрибах во Кувајт е најтоплото место на светот и го урна рекордот , откако пред 76 години почнала да се мери температурата.

Воедно температурата измерена во Митрибах е највисока во Азија , а според Светската метеоролошка организација , денешните температури во региониот се во просек највисоки во историјата.

Овој рекорд се однесува на населено место , зашто Светската метеоролошка организација на 30. јуни 2013 забележала највисока температура од 54 степени во пустината Долина на Мервите во Калифорнија , каде на истото место во 1913 биле измерени 56,7 степени.

Со температура од 53,4 степени , денеска е измерен и вториот температурен рекорд во местото Турбат , во Пакистан.

Штафетна трка на бизнис секторот во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв".

Стартот е закажан во 11 часот на рекреативната патека на кејот на Вардар кај хотелот „парк", а целта е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење меѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух меѓу вработените.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а тимовите треба да бидат во мешан машко-женски состав. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник ќе треба да истрча по 2.000 метри.

Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.

Минатата година најбрз беше тимот на Министерството за финансии, втор беше тимот на НЛБ Банка, а третото место го освои екипата на Телеком./МИА

Продолжува периодот на сончево и топло време

Сончевото и топло време продолжува и во следните денови. За денеска синоптичарите најавуваат топло време со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура, според најавите, ќе се движи во интервал од 4 и 13 степени, а максималната ќе достигне до 28-тиот степен.

Во Скопје слично време со утринска температура од 10 степени и максимална до 27 степени. /МИА

Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

притисни ентер