Француски милијардер ја купи најпознатата британска аукциска куќа

Францускиот милијардер Патрик Драхи ја купи британската аукциска куќа Сотби за 3,7 милијарди долари.

Компанијата, која веќе 31 година е на њујоршката берза, ќе се врати во приватна сопственост по проблематичниот период.

Францускиот претприемач и колекционер на уметност, Драхи, е основач на телекомуникациската група Altice, ја купува Сотби поради тоа што пазарот на уметнички дела повторно е во подем. Сопственикот на Сотби, Кристи, е исто така француски сопственик преку семејството Пино.

Меѓу познатите предмети што ги продала аукциската куќа Сотби, основана во Лондон во 1744 година, се уметничките збирки на покојната војвотка од Виндзор, личната колекција на уметникот Енди Ворхол и "The Scream" на Едвард Мунк во 2012 година.

Драхи, роден во Мароко, се преселил во Франција на 15 годишна возраст и ја започна својата кариера во Филипс пред да пристапи во подружница на американскиот кабелски гигант Liberty Global.

Таму се етаблира како главен претприемач за телекомуникации во текот на изминатите шест години, со купување втор француски мобилен оператор SFR и купување американски кабелски компании. Тој, исто така ја поседува компанијата Португалија Телеком.

За брзо возење казни за 200 возачи на територија на цела Македонија

Во спроведена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се казнети 220 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Си му порача на Шолц дека Кина и Германија треба да бараат заеднички основи

Си му порача на Шолц дека Кина и Германија треба да бараат заеднички основи, без оглед на разликите.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека односите на Кина со Германија ќе продолжат цврсто да се развиваат, се додека двете страни меѓусебно се почитуваат и бараат заеднички јазик, и покрај разликите што постојат.

Си, на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во тридневна посета на Кина, рече дека билатералните односи мора да се развиваат во секој аспект, од долгорочна и стратешка перспектива.

„Се додека двете страни се почитуваат меѓусебно, бараат заеднички јазик, додека одржуваат различни позиции за одредени прашања, комуницираат и учат едни од други, а притоа постигнуваат заемна корисна соработка, односите меѓу Кина и Германија ќе продолжат постепено да се развиваат“, му порача Си на Шолц.

Пред средбата, како што пренесува ДПА, Шолц соопшти дека ќе го предупреди Си да не дава воена поддршка за Русија. Кина се смета за најважен сојузник на Москва и е осомничена дека ја снабдува земјата со стоки што може да се користат и за цивилни и за воени цели, потенцијално зајакнувајќи ја Русија во нејзината тековна војна против Украина.

Шолц ја започна тридневната посета на Кина, втора на канцеларот откако ја презеде функцијата во 2021 година, со посета на Чонгкинг, најголемиот град во светот, по што следеше застанување во Шангај каде што се сретна со претставници од германските бизниси и Германската стопанска комора во странство, каде разговараше за проблемите со кои се соочуваат компаниите во Кина.

Германскиот канцелар е придружуван од десетина извршни директори, меѓу кои и шефовите на производителите на автомобили Мерцедес-Бенц и БМВ, како и на хемиската компанија БАСФ. Фолксваген, најголемиот европски производител на автомобили, овојпат не е застапен.

МНР: Европскиот парламент го смени називот „Северномакедонци“

Иако е спротивно на Преспанскиот договор се почесто од страна на европски челници но и институции на ЕУ се користи терминот северномакедонска, односно северномакедонски.

Последен пример е европарламентот каде на веб страната беше објавен документ во кој се анализира македонскиот евроинтегративен пат и Договорот од Преспа, а македонската влада е наречена „северномакедонска“.

По реакцијата од МНР до европскиот парламент за конкретниот случај, терминот северномакедонци е сменет, велат од МНР.

притисни ентер