Смешна апликација се вклучи среде пренос од владина прес конференција (ВИДЕО)

Во петокот во Пакистанската влада се случи невообичаен инцидент , кога среде прес конференција се вклучи смешна апликација , па портпаролот на Владата имаше нацртани уши и нос на мачка.

Портпаролто Шукат Јусафсаи не претпроставуваше дека важната прес конференција што се пренесуваше во живо , предизвика смеа во целата нација. Тој , без да знае дека е вклучена апликацијата, одговараша на сериозните прашања од новинарите. Подоцна , кога веќе се појавија шеги на Фејсбук , изјави дека оваа ситуација не треба да се прифати сериозно.

И да биде уште посмешно ,со апликацијата не биле покриени само еден , туку уште двајца сериозни владини претставници , кои наеднаш добиле розеви уши и смешни носеви на мачка. Видеото беше избришано по само неколку минути од прикажувањето. За смешниот инцидент пакистанските власти обвинија ,,човечки фактор”.

,,Сите потребни мерки се преземени за да не се случуваат вакви инциденти во иднина”, беше соопштено од владејачката партија. Но, сепак видеото со смешните политичари веќе го обиколи светот и предизвика смешни коментари на сметка на пакистанската влада.

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер Ту-22М3.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

притисни ентер