Уапсен убиецот на германскиот политичар- државата шокирана од коментарите

Полицијата во сојузната покраина Хесен објави дека уапсила осомничен во случај на убиениот демократски политичар Валтер Лубке, а германските медиуми во понеделникот објавија дека тоа се членови на ултра екстремистичка група.

"Специјалците уапсија 45-годишен маж во саботата, кој беше осомничен за убиство на Валтер Лубке", се вели во соопштението на полицијата во Касел.

Според информациите на дневникот Билд, полицијата дошла до осомничениот преку траги од ДНК пронајдени на облеката на убиениот политичарот , припадник на Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Политичарот Либке имаше висока административна позиција во сојузната покраина Хесен и беше убиен рано утрото на 2 јуни во неговиот дом во близина на Касел.

Неговата смрт предизвика големо внимание на јавноста поради фактот што Либке, поради неговата поддршка за политиката за мигранти на Ангела Меркел, добивал закани од екстремните десничарски групи.

По смртта на Либке, се појавија серија пораки со одобрување на смртта на политичарот на социјалните мрежи од крајно десничарските екстремни кругови.

Либке во 2015 година застана во одбрана на политиката на мигрантите на Ангела Меркел и им рече на оние кои не ги делат христијанските вредности дека може да ја напуштат земјата, која изјава беше проследена со бројни смртни закани од екстремната десница.

Блинкен тешко ја обвини Кина

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја критикуваше поддршката на Кина за руската одбранбена индустрија на италијанскиот остров Капри, велејќи дека Пекинг во моментов е главен снабдувач на Москва со клучни компоненти за оружје.

Тој рече дека акциите додаваат масло на „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна“.

Говорејќи на прес-конференцијата по повод крајот на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри, Блинкен рече дека Вашингтон многу јасно му ставил до знаење на Пекинг и на другите дека не треба да им помагаат на руските воени напори во Украина.

„Кога станува збор за руската одбранбена индустрија, главниот придонесувач во моментов е Кина. Имаме индикации дека Кина испраќа машински алати, полупроводници и други предмети со двојна употреба за да ѝ помогне на Русија да ги обнови своите одбранбени индустриски залихи“, рече Блинкен. .

„Кина не може да ги има и двете. Не може да си го дозволи тоа. Сакате да имате позитивни и пријателски односи со земјите во Европа, а во исто време ја промовирате најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна “, рече Блинкен.

САД ја предупредуваат Кина да не ги помага воените напори на Москва по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, која дојде само неколку недели откако Русија и Кина прогласија „партнерство без ограничувања“.

Самата германска министерка за надворешни работи Аналена Баербок изрази загриженост за прашањата што ги покрена Блинкен.

„Доколку Кина отворено продолжи со уште посилно партнерство со Русија, која води нелегална војна против Украина, ние нема да можеме да го прифатиме тоа“, рече Баербок по средбата со нејзините колеги од Г7 во Капри.

Американските власти минатата недела ги информираа новинарите за материјалите што Кина ѝ ги доставува на Русија, вклучувајќи беспилотни летала и ракетна технологија, сателитски снимки и машински алати, кои не се смртоносно оружје, но ѝ помагаат на Русија да ја обнови воената опрема за да ја одржи својата двегодишна војна во Украина.

Портпаролот на кинеската амбасада рече дека Кина не е актер во украинската криза и не треба да се меша или ограничува слободната трговија меѓу Кина и Русија.

Претседателот Џо Бајден го покрена ова прашање со кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор претходно овој месец, по што американските официјални лица изјавија дека Блинкен ќе отпатува во Кина во наредните недели.

Деталите за патувањето на Блинкен се уште не се објавени.

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

притисни ентер