Жестока тепачка меѓу босанската полиција и мигрантите (ВИДЕО)

Тројца босански полицајци се полесно повредени во жестоката тепачка со група илегални мигранти во градот Бихаќ.

Полицијата се обидела да спроведе рација , поради големиот број инциденти што се случувале во објектот каде мигрантите самисе сместиле без дозвола. По тепачката , тројца мнигранти се уапсени.

Последните неколку дена во напуштениот објект , каде престојуваат 135 илегални мигранти имало чести тепачки и други инциденти.

Вчера , поради инцидентите биле уапсени шестмина мигранти, па полицијата денеска решила да изврши рација и да ги протера од објектот.

Најмалку 155 луѓе загинале во големите поплави во Танзанија (ВИДЕО)

Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива.

Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи. Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.

„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива. Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија во Источна Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува CNN.

Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст извршил повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби се поплавени.

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа

Над 180 илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.

„Оние кои што се удираа во гради дека ќе сме се сокриеле после изборниот ден, јас денес не ги гледам. Сокриени коваат сценарија за бојкот, на врата се пред Мала речица да ги молат за гласови, како што ги молеа за тендери. Но, народот е посилен и од тие стотина луѓе од ДУИ кои управуваат со државата и од тој артаноиден режим“, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски разликата по вчерашниот изборен ден е толку изразена, што е поголема од вкупниот број на гласови на Пендаровски освоен на изборите.

„Ова е цунамито кое се крева и кое ќе се удри од главата на оваа власт. Народот се излеа и тоа незадоволство и тој бран на промени ќе ги порази. Сакам да предупредам дека работата не е воопшто завршена. Потребно е жолтиот картон да стане црвен. На 8 мај потребно е масовно да се излезе и да се гласа за промени“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека е многу важно разликата да биде уште поголема.

„Затоа што добивам информации за црни сценарија кои се коваат во противничките штабови и да им кажам колку и тие да планираат такви сценарија, народот уште пожестоко ќе ги казни. Излезот власта го гледа во две работи. И двете се губитнички сценарија. Првото е бојкот на изборите каде што најисправниот одговор треба да биде излезноста и масовноста на овие избори. Второто сценарио е играњето со белезите на Македонија и великодушните понуди што овој пат ги добива ДУИ за сметка на Македонија од СДСМ за еден партнерски настап и взаемна поддршка на изборите“, кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека двете сценарија им се за тоа како ДУИ и СДСМ да извлечат некаква полза, за сметка на пропаста и назадувањето на државата.

„Тоа нема да го дозволам. И затоа одговорот е масовна излезност на 8 мај“, порача Мицкоски кој заклучи: „да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации“, се наведува во партиското соопштение.

Истовремено експлодираа четири области на Сонцето- дали соларните факели ќе ја погодат Земјата

На 23 април, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА (СДО) открила редок феномен: четири огромни региони на Сонцето експлодираат истовремено.

Ерупциите на Сонцето се вообичаени, особено околу врвот на циклусот на активност на Сонцето, познат како сончев максимум. За време на овој дел од циклусот Шваб, сончевите дамки и короналните експлозии се случуваат редовно, понекогаш создавајќи спектакуларни поларни светлини и затемнување на Земјата, пишува IFL Science.

Сончевите дамки се области каде што магнетното поле е 2.500 пати посилно од Земјиното, многу посилно од кое било друго место на Сонцето. Поради силното магнетно поле, магнетниот притисок се зголемува додека околниот атмосферски притисок се намалува. Ова ја намалува температурата во однос на околината бидејќи концентрираното магнетно поле го спречува протокот на врел, нов гас од внатрешноста на површината на Сонцето.

Резултатот е огромни експлозии на површината. Ретко, парови експлозии се случуваат истовремено, познати како „симпатични соларни изливи“. Се сметало дека тоа е случајност, но тие се случуваат бидејќи се поврзани со магнетни јамки.

Уште поретко, може да се појават повеќе од две во исто време, што е познато како суперсимпатичен сончев одблесок.

Во моментов не е јасно дали фрагменти од тие соларни факели ќе ја погодат Земјата, иако Spaceweather.com известува дека ако се случи, тоа ќе се случи на 26 април. Како и кај повеќето геомагнетни бури, веројатно нема ништо да се грижите - освен ако не ви пречи особено убавината на поларната светлина или малите проблеми со електричните мрежи и радио комуникациите.

Понекогаш, сепак, може да се случи Карингтонова бура - голема соларна бура која би претставувала поголем проблем.

притисни ентер