Неделен хороскоп од 17. јуни до 24. јуни 2019 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник 17. јуни до 24. јуни 2019 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многу убави љубовни шанси ќе се нижат во вашиот приватен живот, така што нема да знаете што би избрале. Концентрирајте се на она што го сакате , па ќе знаете исправно да се поставите кон секого.

Кариера

Можноста креативно да се изразите ќе биде најдобриот дел од целата работа оваа недела. Се другом ќе биде поврзано со стрес или мали борби во кои ќе согорувате. Ќе успеете да поставите некои работи , но на крај ќе бидете многу заморени.

Здравје и совет

Наспијте се .

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас се денови во кои ќе имате можност да тренирате толерантност и трпение. Токму од тие ваши особини ќе зависи квалитетот на вашиот љубовен живот. Ако сакате да бидете задоволни препуштете и на другата страна и таа да води во нешто.

Кариера

Со задоволство би сакале да го смените својот систем на проценка на луѓето. Ќе поработите на тоа. Овој пат вашите критериуми ќе бидат повисоки , а ќе ги следи и вашата поголема отвореност кон другите. Само преку јасна комуникација , ќе направите подобри одлуки во работењето.

Здравје и совет

Се менувате на добро.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете загатка за другите , а во душа подготвени за љубов. Многумина ќе ја откријат својата еротичност. Ако сте веќе во врска , таа би требало да се подобри , а партнерот повторно ќе се заљуби во вас. Самите ќе бидат повикани во друштво , но на дискретен начин.

Кариера

Ќе се активирате во обновување на деловните контакти и ќе се обидете да оживеете некои претходни проекти за кои верувате дека се добри. Ќе балансирате меѓу отворен пристап и дискреција. Некои работи сепак ќе зачувате за себеси.

Здравје и совет

Одете таму каде што се чувствувате добро.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Оние во подолги врски , ќе имаат се поголема потреба за интимност , па најверојатно ќе се повлечат дома , за да уживаат заедно.Оние кои уште бараат сродна душа , би можеле да ја сретнат на обични секојдневни места.

Кариера

Следуваат денови кога ќе бидете вешти во извршување на работите , но неспретни во изразувањето. Би можело погрешно да ве разберат . Затоа , потрудете се да бидете што појасни или не објаснувајте ништо ако не морате.

Здравје и совет

Телесно сте во добра форма.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Планетите ви се наклонети кога станува збор за љубов.Оние во врска сепак нека бидат малку потолерантни . Оние осамените ќе излегуваат и ќе се забавуваат до крајни граници. Ќе им одговараат големи друштва и бучни места.Ќе бидат радосни.

Кариера

Време е за средување на ситните работи. И оние познатите , но не преамбициозни лесно ќе ги извршите. Ако сакате да се впуштите во нешто поголемо , поатрактивно и покомплицирано , ова не се погодни денови. Подобро е да ги сумирате резултатите.

Здравје и совет

Уживајте во природа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете желни за забава и настани , а нема да има доволно за да ве задоволат. Имајте на ум дека ова е преоден период, па не треба да му придавате преголемо значење. Од друга страна , ако сте во долга врска , работите се развиваат сосема добро.

Кариера

Ќе комуницирате со соработниците за помали задачи, што ќе ги одработите беспрекорно. Понекогаш ќе ви недостигаат вистински предизвици , зашто оние кои секојдневно ги доживувате , ќе бидат помалку атрактивни.

Здравје и совет

Ќе уживате во секаков вид спорт.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас се убави љубовни денови, во кои ќе има многу шанси за зближување. Вашиот друштвен живот ќе станува секој ден се побогат , а вие порадосни. Не седете дома, излезете меѓу луѓе и уживајте.

Кариера

Не сте свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни. Потрудете се и одработете го она што морате , а потоа посветете се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин.

Здравје и совет

Некои размислуваат за одење на козметичар.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете расположени за љубов , но другата страна ќе се држи резервирано. Не се откажувајте , издржете. Младите полесно ќе се поврзуваат , а забава нема да изостане.

Кариера

Пред вас се некои нови можности. Доаѓаат одговорите на претходно поставени прашања.Тоа ве насочува кон натамошна работа во која ќе се појават вашите мали таленти и знаењето.И натаму одржувате бројни контакти , кои ве поттикнуваат.

Здравје и совет

Ве чекаат нови сознанија .

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина ќе ја обноват својата врска со излегување на убаво место. Самите повторно ќе излегуваат почесто.

Кариера

Разновивидна работна недела . Од една страна со нетрпение ќе очекувате да се изразите и покажете колку можете, а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои знаат да балансираат.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Деновиве ќе излегувате поретко и ќе се концентрирате на своето заедничко секојдневие. Нема да ви биде потребна поголема атракција. Ќе ви биде доволно да останете дома со саканата личност или да заминете на место каде ќе бидете сами.

Кариера

Како што ќе минува неделата , ќе ви биде јасно дека вашите работни планови се развиваат доста добро. Ова сознание ќе ве исполни со мир и задоволство. Ќе бидете подготвени и за секаква соработка. Лесно ќе ги рушите предрасудите.

Здравје и совет

Некои ќе ги освежат старите спомени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Оние кои се уште се сами ќе се двоумат дали да останат дома , каде се чувствуваат заштитено и добро.Сепак , ако се решат да излезат , ќе увидат дека таму ќе се чуствуваат уште подобро. Затоа, би било штета да се пропушти шанса за ново познанство.

Кариера

Ќе испробате различни опции на работење што би можеле да доведат до заработувачка.Некои дури и ќе експериментираат. Оваа игра ќе им донесе и радост , зашто нема да биде здодевно. Сепак , важно е да се штеди силата , зашто ќе ви недостига енергија.

Здравје и совет

Ќе поработите на својот стил и внатрешната состојба.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Како што ќе минува неделата , ќе добивате се повеќе покани за излегување и забава, па и покани за љубов. Веројатно ќе бидете добредојден гостин , а вие самите ќе се трудите да не пропуштите ништо. Било во врска или сами , добро ќе си поминувате.

Кариера

Во темите поврзани со вложувања, спонзорства или недвижности ќе дојде до мала затегнатост , а вие ќе мора да ги согледате, анализирате и донесете одлуки што ќе го насочат натамошниот тек на развој. Обидете се да бидете објективни и не брзајте.

Здравје и совет

Не заборавајте да се одморите.

Турците организираа голем бојкот поради високите цени во рестораните, ќе бидат казнети

Оние кои се жалеа на претерано високите цени во кафулињата и рестораните презедоа акција.

Во Турција јадењето и пиењето во ресторан, кафуле или сличен објект за многумина стана невозможно, а за некои луксуз.

Како што е наведено, речиси секој оброк, од појадок до вечера, се нуди на продажба по високи цени. Покрај тоа, како што растат цените, порциите стануваат сѐ помали.

Така, многумина одлучија да ги бојкотираат овие високи цени за време на викендот, а движењето се разви на социјалните мрежи. Движењето за бојкот, кое рапидно растеше, доби поддршка од познати имиња.

Економистот Ирис Цибре, која исто така повика на бојкот во јануари, вчера го повтори нејзиниот повик:

- Со одлука на мнозинството, за време на викендот нема да одиме во кафулиња и ресторани. Ги повикуваме сите да се придружат во запирање на опортунизмот.

Екипите на Министерството извршиле инспекциски надзори на работни места каде што се нудат услуги за храна и пијалоци како ресторани, кафеани, кафулиња и слаткарници низ државата. При увидот се испитувало дали ценовниците се поставени пред влезната врата, предметните работни места и на масите на кои се врши сервисот, на начин што е лесно видлив и читлив за потрошувачите.

Во овој контекст, заменик-директорот за трговија на провинцијата Анкара, Елиф Тан и нејзиниот тим извршиле увид во работните места кои обезбедуваат услуги за храна и пијалоци во округот Чанкаја.

Кафулињата и рестораните се на прво место меѓу местата каде што граѓаните одат да поминуваат време со пријателите и семејството во секојдневниот живот. Луѓето кои сакаат да јадат на местата каде што одат велат дека ги вознемирува фактот што цените на менијата во последно време се зголемени.

Според ТРТ њуз, за ​​ова прашање било разговарано и во Големото национално собрание на Турција. Тема на дневен ред била зголемувањето на казните изречени поради поскапувања во кафулињата и рестораните. Се очекува да бидат изречени високи казни за компаниите кои наплаќаат цени за храна и пијалоци кои се доволно високи за да предизвикаат страдање на граѓаните, пренесува Хаберанкара.

ПСЖ собори рекорд во Лига 1, Мбапе подобри лично достигнување

 Иако Пари Сен Жермен допрва треба да ја обезбеди титулата во Лига 1, францускиот хегемон продолжува да испишува историја во својата домашна лига.

Парижаните со вчерашниот успех против тимот на Лориен со 4:1 ја продолжија низата без пораз на гостински терен на 22 последователни натпревари, што до сега не го направила ниту една екипа во тамошниот шампионат.

Пари Сен Жермен последен пат загуби на гостински терен на 11 февруари 2023 година во натпреварот од 23. коло на Лига 1 минатата сезона, кога беа поразени со 1:3 од Монако. Претходниот подвиг му припадна на Лион, кој беше непоразен на гостувањата од март 2005 до април 2006 година.

Големата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, исто така се запиша и асистираше во мечот против Лориен, со што се искачи на 43 гола во сезоната и го подобри својот личен максимум во однос на постигнувањето голови во една сезона.

Парижаните во моментов имаат 11 бода предност пред второпласираниот Монако, а доколку победат на претстојниот меч против тимот од Ле Авр на 27 април (сабота) ќе ја обезбедат и титулата. /МИА

Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, црвениот на 8 мај

Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда.

Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.

Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот.

Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

притисни ентер