Чистењето почнало во мај и ја спроведува администрацијата за кибернетски простор, Министерството за информациски технологии и канцеларијата за јавна безбедност и регулирање на пазарот .
Оваа акција , според кинеската новинска агенција Ксинхуа , ќе трае до крајот на годинава. Со кампањата јавно ќе се објават и ќес е казнт интернет страниците поради ,,илегални и криминални активности”, потоа поради неисполнети обврски при почитување на безбедносните мерки или кражба на лични податоци.
Од минатиот месец веќе не се достапни медиумите како Вашингтон Пост и Гардијан , додека претходно беше исклучен пристапот до Ројтерс. На барање на властите во понеделникот самиот се згасна кинескиот финансиски медиум Wallstreetcn.com, а без објаснување ја исклучи и мобилната апликација.
Се исклучуваат и профили на социјалните мрежи , каде се објавува политички чувствителна содржина или пак финансиски вести.