Тевдовски: Правдното оданочување успешна реформа, приходите од персоналецот со раст од 17,4 отсто

 Реформата за праведното оданочување е успешна.

 Економските резултати се исклучително добри од почетокот на годината и најважно е што се користат за социјалната реформа, односно обезбедување фер општество и праведен раст за сите, оцени министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција презентирајќи ги ефектите и резултатите од  реформата што стартуваше на почетокот на оваа година.

Тој додаде дека очекувањата од реформата се реализираат, фискалната политика директно влијае на економските резултати, а последните економски остварувања покажуваат дека економијата е во одлична кондиција.  Ова, потненцира министерот, е доказ дека реформите во фискалниот систем се во вистинска насока.

Тевдовски наведе седум факти за економските резулати по спроведување на оваа реформа, што се однесуваат на зголемена вработеност, зголемена вработеност кај младите,  раст на платите, раст на платите и вработеноста на ИТ секторот, раст на даночните приходи од личен доход, позитивни резултати кај бизнисите и раст на економијата.

–  Бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица во првите три месеци од годинава, односно по воведување на праведниот данок. Невработеноста во првите три месеци од 2019 година е сведена на најниско ниво од споведување на анкетата на работна сила или 17,8 отсто што е за 1,6 отсто пониско ниво во однос на последното тримесејче од 2018 година. Иако, пред воведувањето на праведниот данок во јавноста беше изразена загриженост дека праведното оданочување ќе ја намали вработеноста, се случи сосема спротивното, односно само за едно тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица, рече министерот.

Друг факт, дополни, е што има сериозен раст кај вработеноста кај младите од 6 000 лица во споредба со последниот квартал од 2018 година, односно пред воведување на праведниот данок. Просечната нето плата, како што рече, е зголемена за 3,4 отсто и тоа е наспроти тезите дека воведувањето на праведниот данок ќе влијае на работодавачите да ги намалат платите на работниците.  Министерот додаде дека во континуитет имаме зголемување на просечната плата.

Потенцира дека по воведување на прогресивното оданочувае нема намалување, туку и зголемување на просечната плата на програмерите за 5,5 отсто во споредба со првото тримесечја од 2018 година.

– Бројот на вработени во дејноста информации и комуникации исто така е зголемен. Во првото тримесечје на годинава во овој сектор има за 1 500 лица повеќе вработени во споредба со последното тримесечје на 2018 година,  рече министерот,  додавајќи дека овој сектор беше најблиску до границата за прогресивната даночна стапка.

Министерот оцени дека има добра наплата на данокот на личен доход каде за 17,4 отсто има повеќе наплата во споредба со истиот период лани. Ова, истакна, е спротивно на одредени тврдења пред воведување на праведното оданочување, дека ќе ја зголеми даночната евазија.

 Како солидни ги оцени и остварувања во ралниот сектор од почетокот на одинава. – Индустриското произвоство во периодот јануари-април 2019 година е повисоко за 7,9 отсто во спордба со истиот период минатата година. извозот на стоки и услуги во периодот јануари-април 2019 година е повисок за 15 отсто во споредба со истиот период минатата година., рече министерот додавајќи дека ова е спротивно на некои мислења дека прогресивното оданочување ќе му наштети бизнисот.

 И растот на економијата од 4,1 отсто, според министерот, покажува дека праведното оданочување не го блокира економскиот раст.

–   Економските резултати се исклучително добри од почетокот на годината, а како што предвидовме со средствата од праведното оданочување се поддржува социјалната реформа, односно обезбедување фер општество и праведен раст за сите. Од неделата започна исплатата на зголемената социјална помош согласно правата предвидени со новата социјална реформа. Над 25.000 домаќинства добија гарантиран минимален приход, што за поголемиот дел од нив значи надоместок зголемен за 100 отсто, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со предизборното ветување за 500 евра просечна плата, рече дека тој е поборник платите да растат бидејќи најголемиот дел од граѓаните живеат од својот труд. Посочи дека веќе има раст од 3,4 отсто и оти ќе се подолжи да се прави притисок за раст на платите и на давање поддршка во бизнис задницата.

Новиот в.д. шеф на Пентагон очекува поддршка од НАТО за Иран

Вршителот на должност министер за одбрана на САД, Марк Еспер се надева на помош од НАТО за спрелување на судирот со Иран.

Еспер денеска изјави дека се надева да добие оваа недела поддршка од НАТО сојузниците во напорите на САД за спречување на судир со Иран.

Еспер за време на летот кон Брисел , каде ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО, рече дека САД сакаат да ја затворат вратата на судирите и да ја отворат вратата на дипломатијата.

Премиерот Заев на свечениот концерт на НУ Ансамбл „Танец“ по повод 70 години од основањето

„Танец“ е жива енциклопедија на македонското традиционално творештво и на нашата фолклорна историја, рече премиерот Заев пред присутните.

Премиерот Зоран Заев, вечерва присуствуваше и имаше свое обраќање на одбележувањето на 70 години од основањето на НУ Ансамбл „Танец“.

На овој настан покрај премиерот Заев свое обраќање имаше и директорот на ансамблот Танец, Мартин Вучиќ кој ги покани сегашните и идните генерации да го одржуваат Танец каков што го создале првите генерации.

„Овој ансамбл, оваа  институција е од посебен општествен интерес и наша должност е да ја следиме светлата траекторија по која се движи цели седум децении. „Танец“ треба и мора да ја продолжи својата културна мисија на негување и презентирање на исклучително богатото и автентично фолклорно творештво во земјата и надвор од неа. Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ е цели 70 години симбол на нашата национална култура и уметност и вистински репрезент на македонското фолклорно творештво на целата земјина топка.

Седум децении „Танец“ ревносно се грижи за народните игри и песни, обичаи  и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточува националниот бит пред целиот свет.

„Танец“ е наш бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи. Ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската поврзаност со раскошната убавина на нашето фолклорно наследство.

Со еден збор ансамблот “Танец” претставува жива енциклопедија на македонското традиционално творештво и на нашата фолклорна историја.

За квалитетот и уметничката вредност на овој наш репрезент говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, како што се престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”.

Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар на тапанот и при првиот чекор на ороводецот, ни заигруваат срцата, ни затреперува телото.

Не само нам, туку и на сите нашинци во дијаспората и на сите луѓе во светот.

Затоа треба да сме им благодарни на сите генерации членови на „Танец“. Цела низа генерации успеаја да го одржат континуитетот на чување на високите вредности што цели седум децении го прават горд нашиот народ. Не прават горди сите нас поединечно, а верувам дека исто толку ќе бидат горди и нашите деца.

„Танец“ е расадник на уметноста, расадник на професионалци и едно од главните упоришта на нашата културна автентичност. Ние сме должни да го негуваме и во рамките на можностите да му ја обезбедуваме неговата сигурна иднина. Тоа е и наша должност, но и е наша чест.

Нека е честит големиот јубилеј и нека ни е вечен „Танец“!“, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето. 

Гори хемиска фабрика во Шпанија (ВИДЕО)

Во шпанскиот град Сан Роке се запали хемиска фабрика и црн чад го обви градот.

Попладнево избувна силен пожар во Сан Роке во  хемиската фабрика, од каде целиот град беше обвиен со чад. За среќа , во инцидентот нема жртви , а едно лице добило медицинска помош поради задушување со чад.

На жителите на околните населби им е кажано да ги затворат вратите и прозорците и да не излегуваат надвор , до расчистување на воздухот.

Доцна попладнево , пожарот е ставен под контрола.   

притисни ентер