Рускиот новинар Голунов низ солзи се заблагодари за поддршката, откако беше ослободен

Рускиот новинар Иван Голунов низ солзи се заблагодари за поддршката, откако беше ослободен  од судското обвинение против него за криумчарење на дрога и пуштен од притвор.

– Ви благодарам за поддршката. Ќе продолжам да работам и да истражувам – рече 36-годишниот новинар, видно потресен, обраќајќи им се на десетиците новинар и симпатизери, кои при вчерашното ослободување го дочекале со аплауз, пренесуваат руските медиуми.

Руските власти вчера ги отфрлија обвиненијата за продажба на дроги против истражувачкиот новинар Иван Голунов, откако беа изложени на притисок од јавноста и новинарската фела.

СДСМ: Успешните аграрни политики донесоа повисоки откупни цени на земјоделските производи

Развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати.

Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а  истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома  и на странскиот пазар.

Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со  јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти.

Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.

Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.

Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм.

Тоа е зголемување од 67 отсто.

Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година.

За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.

Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата.

Зборот важи!

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Фредериксен: Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд

Гренланд не е на продажба, а идејата да им се продаде на САД е апсурдна, порача премиерката на Данска Мете Фредериксен откако економскиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп  потврди дека Вашингтон е заинтересиран за ку

– Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд. Искрено се надевам дека не се сериозни во намерата – рече Фредериксен за весникот „Сермитсиак“ за време на посетата на  најголемиот остров на светот, кој е во составот на Кралството Данска.

 Лери Кудроу економскиот советник во Белата куќа претходно вчера изјави дека Трамп „сака да го разгледа купувањето на Гренланд“ иако од овој остров порачаа дека не се на продажба.

ВМРО-ДПМНЕ:Институциите се целосно притиснати и во служба на криминалот на Заев

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија.

Институциите се целосно притиснати и ставени во служба на криминалот на Заев и неговите соработници.

Најдобар доказ за тоа е постапувањето на Јавното обвинителство овие четири месеци откако Вилма Русковска ги има сите докази за рекетот на проектот на Заев и негов штитеник Боки Тредичи и разно разните Кики, Фрики и Шеки.

Зоран Заев, притиснат до ѕид од сите докази, преку неговиот мегафон Костадинов упорно се обидува да си ја ишне мувата од капата , со бесрамни лаги дека ВМРО го измислило Боки 13 и функционери на ВМРО го примале по кабинети, се фотографирале со него и му биле грб во рекетарските походи. Уште потрагично е тоа што Јавното обвинителство влезе во неговиот филм и четири месеци се обидува да ги игнорира сите траги кои водат кон Заев. Четири месеци Русковска обвинителството ги убедува граѓаните дека Боки на своја рака и без поддршка од власта рекетирал.

Срамно и долно. Со вакво деградирање и девалвирање на институциите на системот, целосно се урива довербата на граѓаните во нив, а членството во ЕУ е недостижно.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер